Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

ФЗОМ: Усвоени измените за боледувањата, се воведуваат повеќе олеснувања за осигурениците

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување денеска ги усвои измените на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување денеска ги усвои измените на правилникот со кој се уредуваат критериумите за утврдување привремена спреченост за работа.

Со измените, велат од ФЗОМ, не се скратува правото на боледување, ниту се ограничува неговото времетраење кога за тоа постои медицинска потреба. Матичниот лекар и понатаму останува надлежен да ја утврдува привремената спреченост за работа до 15 дена, а за период подолг од 15 дена одлучува лекарската комисија на Фондот.

– Промената од седум на пет дена не значи дека боледувањето завршува на петтиот ден. Станува збор за периодот по кој, доколку здравствената состојба бара продолжување на боледувањето, се применуваат медицинските критериуми предвидени за конкретната дијагноза. Клучната граница од 15 дена во надлежност на матичниот лекар останува непроменета – појаснува ФЗОМ.

Реклама

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите во здравствениот систем.

Меѓу поважните олеснувања се:

· за дел од дијагнозите нема да биде потребно пациентот да се упатува на лабораториски испитувања, туку процената ќе може да ја направи матичниот лекар;

· за дел од дијагнозите се проширува временската рамка предвидена со критериумите;

· по 15-тиот ден, предлогот за привремена спреченост за работа – ПСР, матичниот лекар ќе го доставува електронски наместо преку досегашната рачна постапка;

· се прошируваат случаите во кои боледувањето ќе може да се утврди без физичко присуство на осигуреникот, особено кај тешко болни, неподвижни и тешко подвижни лица, лица на болничко лекување, како и во други оправдани случаи;

· кај хроничните заболувања ќе може да се користат постојните дијагностички наоди доколку се во предвидениот период на важност, без непотребно повторување на истите испитувања;

· се прецизираат условите за ретроактивно утврдување на боледувањето во оправдани случаи, меѓу кои по завршено болничко лекување;

· за бремени жени и доилки се предвидува олеснување во однос на радиодијагностичките испитувања со јонизирачко зрачење кога здравствената состојба е соодветно потврдена со специјалистички извештај;

· кај определени тешки заболувања се предвидуваат исклучоци од обврската за конзилијарно мислење кај боледувањата подолги од 60 дена.

Новите решенија, велат од ФЗОМ, се резултат на повеќемесечна стручна работа и анализа на постојните критериуми, од кои значаен дел потекнуваат од 2012 година. 

– Во периодот меѓу прекинот и продолжението на седницата беа дополнително разгледани и разјаснети прашањата отворени од членовите на Управниот одбор, со цел одлуката да биде донесена врз основа на целосно согледување на предложените решенија – посочува ФЗОМ.