Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Потпишан договор за реконструкција на водоводната мрежа во Старо Делчево

Општина Делчево потпиша договор за реконструкција на водоводната мрежа во Старо Делчево,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево потпиша договор за реконструкција на водоводната мрежа во Старо Делчево, со што, како што информира градоначалникот Иван Гоцевски, се продолжува со подобрување на водоснабдувањето и условите за живот на жителите во овој дел од градот.

Вредноста на договорот изнесува 890.608 денари со вклучен ДДВ. Средствата се обезбедени од Министерството за транспорт, со финансиско учество на Општина Делчево.

Изведувач на работите е скопската компанија „ВОД-ВАР ИНЖЕНЕРИНГ“, а предвидениот рок за завршување на реконструкцијата е 30 ноември 2026 година.

Реклама

Гоцевски истакна дека вложувањето во водоводната инфраструктура е вложување во основните потреби на граѓаните, посочувајќи дека со реконструкцијата се очекува подобрување на сигурноста и функционалноста на водоводната мрежа во Старо Делчево.

– Вложувањето во водоводната инфраструктура е вложување во основните потреби на граѓаните. Со оваа реконструкција работиме на подобра и посигурна мрежа, затоа што квалитетното водоснабдување е неопходно за секое домаќинство, наведува Гоцевски.

Од Општината посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот и секојдневното функционирање на граѓаните.