Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Вреди: Отворена првата градинка во Теарце, наскоро и модерно училиште во Куманово

Првата јавна градинка во Теарце ги отвори вратите. Во Куманово е пред…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првата јавна градинка во Теарце ги отвори вратите. Во Куманово е пред завршување новата гимназија „Сами Фрашери“. Две долгоочекувани инвестиции за децата, учениците и нивните семејства,  наведува  „Вреди“ во соопштение.

Градинката „Фолеја“ во Пршовце, со инвестиција од над 800 илјади евра, има капацитет за 147 деца. Родителите кои до вчера мораа да бараат решенија за згрижување на своите деца, сега ја имаат градинката во нивната општина. Градоначалникот на Општина Теарце, Даут Мемиши, вети дека градинката ќе биде отворена и го одржа ветувањето. Со неговиот континуиран ангажман, соработката со централните институции и поддршката од Европската Унија, „Фолеја“ сега ги пречекува децата.

Во Куманово повеќе од 20 години се чекаше на ново училиште. Генерации албански ученици ја започнуваа и ја завршуваа гимназијата без условите што ги заслужуваа. Но, сега новите генерации ќе учат во супер модерно училиште.

Реклама

Дритон Сулејмани, заменик-министер за образование, и Венера Азизи, портпаролка на Владата, одблизу ги следеа градежните работи. Нашиот ангажман продолжува сè до влегувањето на учениците во новите училници.

Образованието за ВЛЕН има национално значење. Секоја генерација која се образува подобро нè прави посилни како општество. ВЛЕН на дело.