Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставничките на Здружението за вмрежување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставничките на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, во состав: Ана Дукоска, Анета Механджијска и Славица Јанкова со кои разговараше за претстојната конференција на „Јас сум жена“, која годинава е посветена на жените во бизнисот, како и за иницијативите на здружението за поврзување на жените.

Како што информираат од нејзиниот кабинет, претседателката на средбата ги поздравила настаните во чиј центар се жените и женските автентични приказни, коишто, како што рекла, откриваат бројни проблеми, но и видни успеси.

Според неа, годинашнава тема, фокусирана на жените во бизнисот е добар избор од многу причини, а особено заради фактот што женската економска самостојност е предуслов за креирање свој  живот, градење хармонична семејна заедница и учество во општествениот развој.

Реклама

-Сиљановска-Давкова ја поздрави храброста на „Јас сум жена“ во рушењето на митот за традиционално машки и женски професии,  преку запознавање со успешни жени – машиновозачки, капетани на бродови или оџачарки и охрабрување на девојките  слободно да го изберат и трасираат својот професионален пат, водени од сопствените афинитети, интереси и способности – се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.  

Таа го поздравила учеството на конференцијата на жени – претприемачки од регионот, но и пошироко, кои имаат македонско потекло, како можност за запознавање со нивното релевантно, инспиративно и стимулативно искуство и воспоставување соработка со нив.

На средбата, гостинките ја запознале претседателката со партнерството со Здружението „До бебе по патот на ин-витро“, со намера да им овозможат конкретна помош на жените и семејствата на патот кон мајчинството и родителството.

Сиљановска-Давкова изразила разбирање и верба во остварувањето на посакуваната цел, како и поддршка на патот кон неа.

Претставничките на „Јас сум жена“ ја презентирале иницијативата за формирање совети за женско претприемништво во градовите и општините ширум земјава.

Исто така, ја запознале претседателката со интензивната и широка соработка со Агенцијата за иселеништво, која, како што рекле, треба да резултира со формирање советодавно тело и систем за реинтеграција на повратниците од странство.