Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

„Позитивна мисла – водич низ животот“: Објавена автобиографската книга на хуманистот Сафет Алили

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат автобиографската книга „Позитивна мисла…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат автобиографската книга „Позитивна мисла – водич низ животот“ од Сафет Алили, хуманист и добротвор кој со години несебично помага на лица со потреба од ортопедски и други медицински помагала, како и на здравствени установи и клиники низ земјава.

Книгата, како што посочува рецензентот д-р Садик Идризи Аљабак, иако по форма е автобиографска, во својата суштина претставува дело за човечката истрајност, позитивната енергија и борбата со животните предизвици.

„Позитивна мисла – водич низ животот“ ја следи животната приказна на Алили, од соочувањето со здравствените предизвици и животот во инвалидска количка, до неговата борба да остане активен и да придонесува за семејството и општеството.

Реклама

Сафет Алили за својата хуманитарна работа во 2025 година доби високо признание од претседателката на државата проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова.

Помагалата и современата опрема ги набавува во Луксембург каде што е еден од основачите на хуманитарната организација „Лецкер“ (LëtzCare), формирана во Луксембург во 2019 година. Организацијата, во која се вклучени и членови од неговото семејство, како и припадници на македонската дијаспора, реализира бројни активности насочени кон поддршка на здравствени установи, лица со инвалидитет и социјално ранливи категории.

Сафет Алили, повеќе од три децении живее и работи во Луксембург. Таму е еден од основачите и најактивните припадници на здруженијата од македонската дијаспора. Роден е во 1969 година. Израснал и се школувал во Тетово, а по потекло е од селото Присојница, во општина Маврово и Ростуше.

Според неговата официјална биографија, Сафет Алили во Луксембург се преселил во 1991 година, најпрво како студент, а професионалната кариера ја започнал како возач на автобус. Поради здравствени причини го менува животниот правец и се посветува на општествен и хуманитарен ангажман – сегмент кој силно се одразува и во неговото прво книжевно дело.

„Позитивна мисла – водич низ животот“ претставува спој од лична приказна, животна филозофија и хуманитарна мисија – книга создадена со желба стекнатото искуство да биде споделено со другите.

Книгата има 286 страници, фул-колор, со голем број факсимили и автентични фотографии за активностите на Сафет Алили. Наскоро ќе биде промовирана во Скопје.