Македонските граѓани и следнава недела ќе возат со најефтино гориво во регионот. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени, кои се намалија помеѓу 1,5 до 3 денари по литар. Од полноќ, дизелот ќе се продава по пониска цена од 3 денари по литар и ќе изнесува 97 денари. Бензините поефтинија за 1,5 денари, па така новата цена на безоловниот бензин од 95 октани ќе изнесува 98.5 денари, додека по цена од 100.5 денари ќе се продава 98 октанскиот бензин. Според пресметките, референтните цени на светскиот пазар бележат намалување: кај бензините за скоро 2,9%, кај дизелот за 4,7%, а кај екстра лесното масло за 4,4%, додека кај мазутот намалувањето изнесува 1,8%. Истовремено, курсот на денарот во однос на доларот е повисок за скоро 1%. При формирањето на цените се применети и владината одлука за намален ДДВ од 10% за еуродизелот, како и намалениот износ на акцизата од 4,00 денари за литар кај бензините и дизелот, информаираат од Регулаторна комисија. За Владата, намалувањето на цените на горивата беше очекувано, пред се проади последните случувања, па така Премиерот Христијан Мицкоски потврди декa Македонија останува држава со најниски цени на горивата во регионот, кои се пофтини помеѓу 30 до 60 евроценти.
„Сето тоа си има цена која изнесува 7 до 8 милијарди денари и затоа за да се избалансираат сите овие работи ние ќе правиме ребаланс, очекуивам во текот на овој месец да биде завршена процедурата“, изјави Премиерот Христијан Мицкоски
Но, и покрај загубите Владата останува посветена на заштита на стандардот на граѓаните. Од таму велат дека остануваат на браникот на куповната моќ на граѓанинот и намалување на инфлаторните шокови кои може да ги донесат повисоките цени на нафтата.
„Во овие тешки услови во Светот каде што имаме војни во текот од епски размериме, се трудиме колку толку да ја одржиме стабилноста на цените и да го одржиме она што претставува дух на инвестиции и да продолжиме да се развиваме во периодот кој што следи“, додаде Мицкоски.
И покрај тоа што намалувањето беше очекувано, поради одлуката на Г7 да ги ослободи резервите и краткотрајно го надополни недостигот од гориво, сепак другите држави не успеаа да го постигнат нивото на цени од Македонија. Нивните политки кои дури и предвидуваат и забрана за извоз на гориво и максимално рафинирање на суровата нафта, сепак остануваат со повисоки цени на горивата од Македонија. Па така, ние литар гориво ќе точиме по пониска цена од сите соседни земји. Најблиску со цената по литар дизел во однос на Македонија е Хрватска каде дизелот е поскап за околу 30 центи, додека пак кај бензините за околу 10 центи поскапо е во Бугарија и Србија.
ТЕЛОП: ЦЕНИ НА БЕНЗИН 05.10
ЕУРОСУПЕР БС – 95 98.5 ден/л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97 ден/л
ЕУРОСУПЕР БС – 98 100.5 ден/л
ЕКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 108.5 ден/л
МАЗУТ М-1 HC 49.597 ден/кг
ТЕЛОП: ЦЕНИ НА ГОРИВА – €/ЛИТАР
ДРЖАВА: ДИЗЕЛ/ БЕНЗИН 95/ БЕНЗИН 98/100
МАКЕДОНИЈА 1,58 € 1,60 € 1,63 €
АЛБАНИЈА 2,32 € 2,10 € 2,39 €
БУГАРИЈА 1,90 € 1,68 € 1,87 €
ГРЦИЈА 2,20 € 2,21 € 2,45 €
СРБИЈА 1,93 € 1,69 €
ХРВАТСКА 1,84 €* 1,74 €* 2,33 €

