Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците, тоа значи и нивна директна поддршка, апелира Михаилов

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој апел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој апел го упатува заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми. Забележува дека зад секоја сеча на дрвата без дозвола, стои организирана група, која честопати знае да ги нападне и вработените во ЈП „Национални шуми“ и припадниците на шумската полиција, каков што летово имаше пример во Штипскиот Регион. 

-Сите оние кои ќе се дрзнат во иднина да кренат рака на овластено службено лице, треба однапред да бидат подготвени дека следи сериозна затворска казна, бидејќи станува збор за напад на службено лице, вели Михаилов.

Михаилов посочува дека за жал има и примери кога вработени од ова претпријатие се дел од тие криминални групи. 

Реклама

-Да, се уште има наши вработени, за кои за жал утврдивме одредени конекции со криминалните структури и онаму каде што тоа ќе го детектираме, нема пардон. Веднаш се отпочнува постапка по однос на она кое што го имаме како докази и имаме суспензии, кривични пријави и дисциплински постапки, рече  Михаилов.

Инаку шумите освен од дрвокрадците, секоја година страдаат и од пироманите.