Во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, синоќа во НУ „Музеј на македонската борба за самостојност“ во Скопје беше промовирана книгата „Логострој“ на м-р Дарио Божиновски.

За книгата говореа митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и м-р Стефан Цветановски, професор во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

На промоцијата присуствуваа и епископите Хераклејски г. Климент и Дремвитски г. Давид, како и голем број гости, пријатели, соработници и љубители на пишаниот збор.

Посебен дел од промоцијата беше и музичката програма, во која настапија фаготистот Марио Иванчов и виолончелистот Александар Ицковски, со што на книжевната вечер ѝ беше дадена дополнителна уметничка димензија.

