Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Македонија

Јавен повик за финансиска помош за еднородителски семејства и деца без родители во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица објави јавен повик за доделување финансиска помош од општинскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Македонска Каменица објави јавен повик за доделување финансиска помош од општинскиот Буџет за 2026 година, наменета за еднородителски семејства, деца без родители и семејства на самохрани родители.

Од Општина Македонска Каменица ги повикуваат сите жители кои ги исполнуваат условите да го поднесат барањето со потребната документација во предвидениот рок.

За остварување на правото на финансиска помош, потребно е да се достави барање до Општина Македонска Каменица, со прилог документација која опфаќа фотокопија од важечка лична карта или извод од матичната книга на родените за малолетни лица, потврда од Министерството за труд и социјална политика за деца без родители и самохрани родители, како и изјава заверена кај нотар за еднородителски семејства.

Реклама

Потребно е да се достави и потврда за примена плата во последните три месеци пред поднесувањето на барањето или чек од последната пензија, потврда од АВРМ за невработени членови на семејството, доказ од Управата за јавни приходи за пријавени или остварени приходи на подносителот и членовите на потесното семејство за претходната година, како и фотокопија од трансакциска сметка.

Јавниот повик се однесува на лица кои се жители на Општина Македонска Каменица.

Документацијата може да се достави во Архивата на Општина Македонска Каменица, во соба број 1, или електронски на адресата [email protected].

Рокот за доставување на барањата е 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.

Од Општина Македонска Каменица посочуваат дека со ваквите мерки продолжуваат да обезбедуваат поддршка за семејствата и граѓаните на кои финансиската помош им е најпотребна.