Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Формиран Охридски форум за дијалог – регионална иницијатива за поголема доверба во уставното судство

По иницијатива на Уставниот суд на Македонија, а со поддршка од уставните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По иницијатива на Уставниот суд на Македонија, а со поддршка од уставните судови на Србија и Босна и Херцеговина, се формира Охридски форум за дијалог за поголема доверба во уставното судство. Станува збор за платформа за регионална соработка, размена на искуства и унапредување на принципите на независност, транспарентност и ефикасност на уставните судови.

Заклучоците од иницијативата ја препознаваат довербата во уставното судство како еден од неговите најзначајни ресурси. Во нив се нагласува дека градењето доверба е системско прашање во кое, покрај уставните судови и судиите, треба да учествуваат и политичките субјекти, медиумите, научната и стручната јавност.

Како важен предуслов за независноста се посочува јакнењето на личниот интегритет на судиите, а со тоа и институционалниот интегритет на судовите. Меѓу предложените мерки се наведуваат донесување и доследно почитување на кодекси на однесување, постојано унапредување на стручноста и компетентноста на судиите, како и ограничување на надворешните влијанија.

Реклама

Во делот на транспарентноста, акцентот е ставен на приближување на работата на судовите до јавноста и поголема достапност на одлуките. Како можни механизми се наведуваат разбирливи соопштенија, брифинзи со судии, присуство на медиумите на седниците, директни преноси, јавни настапи на судиите и користење социјални мрежи.

Истовремено, за јавните настапи на судиите се предвидуваат јасни ограничувања, меѓу кои недискутирање за тековни предмети, непрејудицирање на исходот на постапките, избегнување лични напади и зачувување на кредибилитетот и институционалниот авторитет на судот.

Ефикасноста, пак, подразбира навремено постапување, почитување на роковите и избегнување неоправдано одолговлекување на постапките и седниците. Во современи услови, во оваа насока се препознава и потребата од користење соодветни дигитални алатки, бази на податоци и технологии за следење на предметите и јавните седници.

Во заклучоците се нагласува и значењето на медиумите во обезбедувањето транспарентност и информирањето на јавноста. Се предлагаат континуирани обуки и специјализација на новинарите, како и принципиелна и професионална соработка меѓу судовите и медиумите.

Како следен чекор се предлага склучување Меморандум за зголемување на довербата во уставните судови, со кој би се воспоставиле стандарди за транспарентност, заеднички показатели и методологија за следење на јавната доверба, периодична анализа на резултатите и регионално поврзување на базите на уставносудската практика.

Основањето на Охридскиот форум за дијалог за зголемување на довербата во уставните судови е резултат на плодната дискусија во рамките на регионалната конференција одржана на 16 и 17 септември 2026 година. Овој настан се одржа во Охрид, во организација на Уставниот суд на Македонија, со поддршка на Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).