Реклама

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски

Мицкоски: Нема да се повлечеме од податочните центри и антимонот, тоа е иднината на земјата

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Македонија

Тркалезна маса за интеграцијата на Ромите во ЕУ и резултатите од проектот RomCSO4EU

Инклузијата на ромската заедница во процесот на европска интеграција на Македонија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инклузијата на ромската заедница во процесот на европска интеграција на Македонија и улогата на граѓанскиот сектор во тој процес ќе бидат во фокусот на денешниот настан „Ромската заедница и интеграцијата на Македонија во Европската Унија“, што ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје.

Настанот ќе го одбележи и завршувањето на проектот „Ромскиот граѓански сектор за пристап до ЕУ“ (RomCSO4EU).

Организаторите најавуваат презентација на постигнатите резултати од проектот, како и дискусија за заложбите на институциите за унапредување на положбата на ромската заедница во контекст на евроинтеграциските процеси.

Реклама

На собирот ќе учествуваат претставници на институции, меѓународни организации и граѓанскиот сектор, кои ќе разменат искуства, добри практики и ставови за предизвиците и можностите за поголема вклученост на Ромите во реформските процеси поврзани со членството во Европската Унија.

Проектот RomCSO4EU го имплементираат АДДР „Сонце“ од Тетово, Ромскиот ресурсен центар од Скопје, Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“ од Скопје и грчката организација Symplexis, а е финансиран од Европската Унија.