Резултатите од проектот „Заштита и превенција од родово базирано насилство во Македонија“, кој се спроведуваше во периодот од 2021 до 2026 година, ќе бидат презентирани денеска на завршен настан во Центарот за социјални претпријатија во Скопје.
Проектот го реализираа Министерството за социјална политика, демографија и млади и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), во соработка со повеќе национални институции, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.
На настанот ќе бидат претставени клучните постигнувања и резултати од проектот, како и активностите преземени во изминатите пет години за јакнење на системот за превенција и заштита од родово базирано насилство.

