Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Штип вклучен во програмата URBACT Pioneers Accelerator

– Општина Штип реализира пилот пропект во рамки на програмата URBACT Pioneers…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Општина Штип реализира пилот пропект во рамки на програмата URBACT Pioneers Accelerator, со што како што соопштија од локалната самоуправа направен е значаен чекор кон модернизирање на управувањето со отпадот преку развивање на пилот- решение кое ги поврзува дигиталната технологија, подобрата организација на собирањето и активното учество на локалната заедница.

– Општина Штип заедно со 27 градови и општини од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија беа избрани како дел од програмата URBACT Pioneers Accelerator. Програмата е кофинансирана од Европскиот фонд за регионален развој (ERDF) со буџет од 79.769.000 евра, од Инструментот за претпристапна помош (IPA) со буџет од 5.000.000 евра и од Инструментот за соседство, развој и меѓународна соработка со буџет од 2.000.000 евра за периодот 2021–2027 година. Секоја општина доби 35.000 евра од ЕУ преку URBACT, за да се поддржи нивното учество во програмата, вклучувајќи ја и реализацијата на мали пилот-проекти кои придонесуваат кон нивните цели за одржлив урбан развој – соопштуваат од општина Штип.

Во соопштението се посочува дека пилот проектот произлегол од реалните предизвици со кои се соочува градот – преполнети контејнери, неефикасни рути за собирање, ограничени податоци во реално време и недоволно вклучување на граѓаните. Наместо отпадот да се собира само реактивно, општина Штип разви модел кој овозможува идното управување да се базира на податоци, навремено реагирање и подобро планирање.

Реклама

-Како дел од пилотот, обезбедени се 10 пластични контејнери со волумен од 1,1 m³, наменети за поставување во избрани пилот-локации. За нивно паметно следење е предвидена инсталација на 10 DF703 IoT сензори, со NB-IoT/4G комуникација. Сензорите ќе овозможат следење на состојбата на контејнерите, вклучително и ниво на пополнетост, температура, наклон, состојба на батеријата и последна комуникација-велат од општина Штип.

Со ова се создава можност општина Штип и надлежните служби да добиваат навремени информации и поефикасно да го планираат собирањето на отпадот. Општина Штип веќе ја финализираше потребната техничка документација и јавната набавка, а 10-те нови контејнери се обезбедени и пристигнати. Следниот чекор е поставувањето и интеграцијата на IoT сензорите и активирањето на дигиталниот систем за мониторинг.Со ова Штип преминува од фаза на планирање кон реална имплементација на паметно управување со отпадот.