Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Инсталирани десет агротехонолшки станици во функција на земјоделците од Преспа

Делегацијата на Европската Унија преку програмата „ЕУ за Преспа“, во партнерство со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегацијата на Европската Унија преку програмата „ЕУ за Преспа“, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), националните и локалните институции, обезбедија финансирање на систем одржливи земјоделски практики, заштита на природните ресурси и создавање нови економски можности за населението во преспанскиот регион.

Во рамки на денешната посета на регионот, заменикот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, раководителот на оддел во Делегацијата на ЕУ, Еваут Сандкер, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан и градоначалникот на Ресен Јован Тозиевски, преку серија средби со корисници на програмата „ЕУ за Преспа“ се запознаа со активностите и резултатите со посебен акцент на паметните мерки за климатски отпорно земјоделство.

-Нашата цел е земјоделецот директно да ги почувствува придобивките од зелената и дигиталната трансформација преку помала потрошувачка на вода, пониски трошоци, подобра заштита на производството и поголема конкурентност. Преспа денес покажува дека одржливото земјоделство не е само еколошка определба, тулу и економска можност. Успешните практики што ги гледаме овде треба да бидат модел кој постепено ќе го пренесуваме и во другите региони во земјата, истакна Албрим Хоџа, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Реклама

 Преку обуки директна поддршка добија 145 земјоделци, а за 88 земјоделци беше обезбедено менторство, планови за анализа на плодност на почвата и наводнување, како и современа земјоделска опрема. Одржливите земјоделски практики се применуваат на повеќе од 395 хектари обработлива површина, вклучително и преку автоматизирани системи за наводнување, механизација, агрофотоволтаични единици, саден материјал и противградни мрежи. Преку програмата се инсталирани и 10 агротехнолошки станици, со кои е обезбедена целосна покриеност на околу 4.500 хектари овошни насади, а земјоделците добиваат прецизни податоци во реално време за временските услови и состојбата на почвата, што им овозможува подобро да ги планираат активностите и поефикасно да ги користат ресурсите.

-Пристапот на проектот EU4Prespa ги обединува заштитата на водите, отпадот и почвата, грижата за биодиверзитетот, одржливото земјоделство и создавањето локални вредности. ЕУ овозможува и практични придобивки на терен: земјоделците добиваат алатки, обуки и опрема кои придонесуваат за подобрување на производството и отпорноста додека истовремено ги штитат природните ресурси. Успехот произлегува од соработката меѓу локалните власти, земјоделците, институциите, бизнисите, граѓанското општество и меѓународните партнери, изјави Еваут Сандкер, раководител на сектор во Делегацијата на ЕУ. 

Во рамки на посетата беше претставен и првиот заеднички брендинг на локалните производи под мотото „Една е Преспа – Заедница што создава“, со цел зголемување на препознатливоста и конкурентноста на производите од преспанскиот регион и создавање поголема доверба кај потрошувачите. 

-Програмата „ЕУ за Преспа“ покажува дека заштитата на природата и економскиот развој можат да одат заедно. Кога земјоделците имаат пристап до знаење, технологија и современа опрема, одржливоста станува конкретна и мерлива придобивка, и за локалната економија и за животната средина, истакна Армен Григорјан, Постојан претставник на УНДП во земјава. 

Програмата „ЕУ за Преспа“, финансирана од Европската Унија, имплементирана од УНДП во партнерство со националните и локални институции се реализира од 2024 година со поддршка за интегриран пристап кон одржливиот развој на Преспа.