Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Гаши во Саудиска Арабија: Има значителни можности за продлабочување на соработката

Делегација на Собранието предводена од претседателот Африм Гаши престојува во официјална посета…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Собранието предводена од претседателот Африм Гаши престојува во официјална посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија, каде се сретна со претседателот на Советот на Шурата, Адбула бин Мохамед бин Ибрахим Ал Ал-Шеик.

На средбата, Гаши истакнал дека Македонија останува цврсто посветена на натамошното зајакнување на партнерството меѓу двете држави, кое се темели на меѓусебна почит, пријателство и заедничка посветеност кон мирот, стабилноста и просперитетот.

Оценил дека меѓу двете држави постојат значителни можности за продлабочување на соработката во голем број приоритетни сектори како што се инвестиции, енергетика, туризам, земјоделство, технологија и трговија.

Реклама

Економската соработка останува централен столб на билатералните односи и нашата држава става посебен акцент на промоцијата на инвестициите и дигиталната трансформација, односно развој на сектори кои нудат значителен потенцијал за меѓусебно корисно партнерства меѓу две држави. Македонија гледа значителен потенцијал за унапредување на соработката во туризмот за што е потребен засилен ангажман меѓу соодветните институции и засегнатите страни од приватниот сектор пред се преку олеснување на визниот режим меѓу двете држави и воспоставување на директна воздушна поврзаност меѓу Саудиска Арабија и Македонија што би значело чекор напред во промовирањето на туризмот, деловната соработка и контактите меѓу луѓето, истакнал Гаши.

Нагласил дека високо се цени и конструктивната и сè повлијателна улога што ја игра Кралството Саудиска Арабија во промовирање на регионалната стабилност, охрабрување на дијалогот и поддршката на дипломатските иницијативи насочени кон решавање на сложените предизвици низ целиот Блиски Исток и пошироко.

Претседателот на Советот на Шурата, Абдула бин Мохамед нагласил дека Кралството Саудиска Арабија високо го цени пријателството со Македонија и верува дека треба да продолжи да гради цврсти односи засновани на меѓусебна почит, разбирање и заедничко верување во дијалогот, соработката и мирните односи меѓу нациите.

Двајцата соговорници се согласиле дека во сегашната меѓународна средина, обележана со повеќекратни и меѓусебно поврзани предизвици, тие цврсто веруваат дека дијалогот, дипломатијата и мултилатералната соработка остануваат неопходни инструменти за зачувување на мирот, зајакнување на безбедноста и унапредување на одржливиот развој.

Македонската делегација во чиј состав се и Никола Мицевски, Оливер Спасовски и Аднан Азизи, се сретнала и со претседателот на Групата за пријателство со Македонија на Советот на Шурата, Али М. Алшухтани, како и со членовите на оваа група при што размениле мислење дека во иднина поинтензивно ќе работат на развивање на парламентарната дипломатија и на размена на искуства во области од заемен интерес.