Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Од полноќ граѓаните ќе точат за 4,5 денари поевтин дизел. Литарот од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од полноќ граѓаните ќе точат за 4,5 денари поевтин дизел. Литарот од 104,5 ќе поевтини на 100 денари, откако Владата ја продолжи мерката со која се намалува ДДВ-то од 18 на 10 проценти. Во исто време, бензините од полноќ поскапуваат минимално, за еден денар за литар. Еуросупер 95 ќе се продава за 100 денари, односно 102 денари за 98 октанскиот. Екстра лесното масло, пак, поевтинува за три денари и ќе чини 111,5 денари, додека мазутот ќе се продава за 49,88 денари за килограм. Од Регулаторната комисија за енергетика појаснуваат дека утврдените цени се максимални, што значи дека во наредната недела трговците можат да продаваат гориво и по пониски цени.

„Просечните цени на нафтените деривати се намалуваат за 1,06 проценти. Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 29.9.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Намалената стапка на ДДВ-то е само една од мерките на Владата за амортизирање на ценовниот шок. Дополнително, намалени се и акцизите и тоа за четири денари кај дизелот и за два кај бензините. Од Владата појаснуваат дека во услови кога расте цената на нафтата на светските пазари, ваквите мерки треба дополнително да го ублажат ударот врз стопанството и да не предизвикаат сериозен удар по џебот на граѓаните.

Реклама

„Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија. Со продолжувањето на оваа мерка директно влијаеме врз малопродажните цени на горивата и го ограничуваме пренесувањето на надворешните ценовни притисоци врз цените на останатите производи и услуги“, изјави Гордана Димитриеска Кочоска.

По ваквиот развој Македонија и натаму останува со најевтини цени на горивата во регионот. Во земјава дневно се трошат до два милиони литри горива, од кои околу 1,5 милиони литри се трошат на дизел.