Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Презентирани предлози и иницијативи на кooрдинативен состанок за елиминирање на вандализмот и некоректното навивање на спортските натпревари

Претставници на МВР, на клубовите во Македонија, на некои од навивачките групи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници на МВР, на клубовите во Македонија, на некои од навивачките групи, како и други спортски работници, денеска, на координативен состанок, организиран од Министерството за односи меѓу заедниците, разговараа за елиминирање на вадализмот, некоректното навивање и навивањето со меѓуетничка омраза на спортските натпревари. Се договориле да организираат состаноци на секои два месеци и да продолжат со конкретните идеи и иницијативи за подобрување на спортот и навивањето.

– Се собравме да разговараме отворено и конструктивно како да се организираме сите во смисла на давање придонес за покоректно навивање и за да се елиминираат некои од навредливите пораки или пораките што имаат меѓуетничка омраза или партиска позадина – изјави по состанокот министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати.

Тоа, рече тој, е многу важно за нас како држава бидејќи сме мултиетничко општество и сè што се случува на стадионите се одразува врз младите, а тоа влијае и на понатамошниот развој.

Реклама

Ферати истакна дека денеска разбрал оти сите клубови во Македонија имаат многу добри односи меѓусебно, но, како што потенцира, тоа не се одразува и во организирањето на спортските натпревари.

– Сепак, ова е добра основа за понатаму да се работи и да се коригираат некои од настаните или чекорите што ги преземаат клубовите за да може да организираат што е можно повеќе инклузивни настани и да биде заднина само спортскиот натпревар, без разлика на верска, на етничка припадност или други разлики што ги имаме во општеството – рече тој.

Појасни дека имало и предлог да се организираат и „тимбилдинзи“ или да се формираат образовни програми за, како што рече, да може некои од навивачките групи или младите, па и спортските клубови, да воспостават поинтензивна комуникација, да разменуваат идеи и размислувања, да почнат да соработуваат, а самите клубови и федерации да преземаат иницијативи.

– Ова не е проблем од сега и проблем што се решава само со еден состанок. Одлучивме да се организираме и на секои два месеци да имаме состаноци и да продолжиме со конкретните идеи и иницијативи за подобрување на спортот и навивањето бидејќи ова, генерално, влијае во општеството – истакна министерот Ферати.

Рече дека и политичките чинители, особено помалите, се обидуваат да го одвлечат вниманието на вакви настани, да ги злоупотребат и да ги користат за политички поени. Тоа, вели, не треба да им се дозволи.

– Ако сите засегнати страни си ја работат работата како што треба, мислам дека тоа ќе се минимизира и ќе имаме успех – рече министерот за односи меѓу заедниците. 

На состанокот, чија цел е зајакнување на соработката и меѓуинституционалната координација, учествуваа претставници од скортските клубови, ФФМ, ФБМ, МВР, Министерството за спорт, ОБСЕ…

Во разговорите исто така имало доста предлози од клубовите за тоа како да се подобри финансирањето на клубовите, како да се организира еден натпревар, да биде забавен, да биде инклузивен и по сите европски стандарди.