Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Штип ги решава ризичните сообраќајници, завршува изградбата на новиот кружен тек кај ЕВН

Завршува изградбата  на нов кружен тек на булеварот Партизанска, кај зградата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршува изградбата  на нов кружен тек на булеварот Партизанска, кај зградата на ЕВН во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека ова е решавање на една од небезбедните сообраќајни точки на овој булевар. 

-​Со денешните активности и во текот на утрешниот ден, нанесувајќи ја асфалтната маса, верувам дека ќе бидат завршени предвидените градежни активности за ставање во функција на овој дел од булеварот Партизанска и непречено одвивање на сообраќајот. ​Тоа што го имавме како замисла да го направивме, да го направиме, веќе се финализира соодветно сообраќајно решение кое ќе нуди поголема безбедност во сообраќајот со кружен тек на овој потег на булеварот Партизанска-вели Јорданов.

Јорданов на денешната прес-конференција најави и дека Општината размислува и за решавање на проблемот со крстосницата кај „Мал одмор“, а предвидено е и продолжување на булеварот Гоце Делчев од бензинската станица на Лукоил до зградата на Републичката сообраќајна полиција. 

Реклама

-​ ​Морам да потенцирам дека наша цел е една сообраќајна точка која во моментов и во минатото создава такви безбедносни ризици, тоа е сообраќајницата веднаш пред, за еве да кажам Штипјани, но и за сите од страна познато, угостителскиот објект „Мал одмор“ или пред „Штип Сити Мол“, да биде истретирана, сообраќајно уредена како што е ова сообраќајно решение со кружен тек и на тој начин да се намали ризикот во сообраќајот -подвлече Јорданов.

 Тој истакна дека по завршувањето на овие активности ќе се пристапи кон изнаоѓање на соодветно решение на сообраќајницата кај „Мал одмор“, со што како што рече „полека, но сигурно Штип конечно ги затвори овие прашања со сообраќајната безбедност и со протокот на возила на одредени точки, кои во минатото беа ризични.