Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Локалната самоуправа започна средби со граѓаните во општина Маврово и Ростуше за нивните потреби и барања

Локалната самоуправа започна серија од средби со граѓаните во населените места на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалната самоуправа започна серија од средби со граѓаните во населените места на територијата на општина Маврово и Ростуше за да ги утврдат приоритетите и нивните потреби.

Дел од раководството на општината предводен од градоначалникот Онер Јакупоски, викендов отпочнаа со нова активност – директни граѓански средби со жителите во сите населени места за да се разговора за потреби, проблеми и прибирање на предлози.

Првата средба се одржа со жителите на село Маврово, на која се разгледаа прашањата кои се од особено значење за локалното население.

Реклама

– На средбата беа идентификувани конкретни проблеми и заеднички беа дефинирани приоритетите за кои е потребно понатамошно постапување. Во наредниот период, со оваа практика ќе се продолжи и во сите останати населени места во општината- рече Јакупоски.

Тој посочи дека низ формата на директен и отворен дијалог со граѓаните полесно може да увидат реалните потреби на секое населено место, а со тоа тие да бидат соодветно вклучени во планирањето на идните активности.

– Особено важно е што приоритетите и предлозите произлезени од овие средби ќе бидат земени предвид при креирањето на буџетот на Општина Маврово и Ростуше, со што буџетското планирање ќе се насочи кон проекти и активности од непосредно значење за граѓаните- нагласи градоначалникот Јакупоски.

Следната средба со граѓаните ќе биде во селото Врбен.