Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Дизелот поевтинува за 4,5 денари, а цената на бензините се зголемува за денар од литар

Дизел-горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4,5 денари за литар, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дизел-горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4,5 денари за литар, а цената на бензините се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторнате комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад  (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06 отсто.

Новата максимална малопродажна цена на „евросупер БС-95“ ќе биде 100 денари за литар, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 102, а „евродизелот (Д-Е V)“ за 100 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3 денари од литар и ќе изнесува 111,5 денари, а малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува за 0,196 денари за килограм и ќе биде 49,882 денари.

Реклама

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,049 отсто, кај дизелот има намалување за 6,734 отсто, кај екстра-лесното масло намалувањето е во просек за 4,936 отсто, а кај мазутот за речиси 1,630 отсто. Курсот на денарот е за 0,9522 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Владата денеска донесе одлука со која до 12 октомври е продолжено важењето на одлуката за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто за дизел-горивото. Во новата цена на горивата е пресметано и намалувањето на акцизата за дизелот и за бензините.