Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Пристапно предавање на академик Светлана Мојсов во МАНУ, нејзините истражувања придонесоа за современ третман на дијабетесот и дебелината

Истражувачката во областа на биохемијата, светски реномираната научничка Светлана Мојсов, денеска одржа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истражувачката во областа на биохемијата, светски реномираната научничка Светлана Мојсов, денеска одржа предавање во Македонската академија на науките и уметностите по повод пристапувањето за член на МАНУ надвор од работниот состав. Таа беше избрана на Изборното собрание на Академијата на 7 ноември 2025 година. Решението денеска ѝ го врачи претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, кој ѝ посака добрдојде во редовите на највисоката научна институција во државата.

Пред голем број присутни, академици и лекари Мојсова одржа предавање „GLP-1: Хемијата е од суштинско значење: Од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина“ (GLP-1: Chemistry matters: From a Putative Peptide to Effective Medicines for Diabetes and Obesity“).

Нејзината работа во областа на биохемијата и истражувањето на GLP-1 има значајно влијание врз современиот третман на дијабетесот и дебелината, а како резултат на повеќедецениската научноистражувачка работа произлегле и девет значајни патенти. 

Реклама

Пред предавањето за откритието на GLP-1, Мојсов истакна дека ѝ претставува чест да биде избрана и поканета да одржи предавање во Македонската академија на науките и уметностите. 

Академик Димитар Ефремов од Одделението за медицински науки во МАНУ во пригодниот говор истакна дека Мојсов е избрана за член во МАНУ со особена гордост затоа што нејзиниот пат, рече, е потврда дека едно фундаментално научно откритие може да го надмине просторот на лабораторијата и да прерасне во терапевтски напредок од глобално значење. Посочи дека проф. Мојсов е една од најистакнатите и највлијателни биохемичари на нашето време, чија научна работа, како што рече, е редок пример како темелните истражувања, водени од научна љубпитност, прецизност и истрајност, може да доведат до откритија со исклучително значење за медицината и за човечкото здравје. 

– Со своите истражувања на пептидните хормони таа ги постави научните основи за развој на една нова класа лекови благодарение на кои денес се подобруваат здравјето и квалитетот и должината на животот на милиони луѓе од целиот свет. Затоа пристапното предавање не е само можност да оддадеме признание на еден исклучителен научник, туку и да го истакнеме значењето на науката во создавањето подобра иднина за човештвото – рече Ефремов.

Тој се осврна на животниот и на професионален пат и научните достигнувања на Светлана Мојсов, со кои таа, рече, остави длабока и трајна трага во современата биомедицинска наука.

Светлана Мојсов е родена на 8 декември 1947 година во Скопје. Основното и средното образование ги завршила во родниот град. Поради професионалните обврски на татко ѝ Лазар Мојсов, министер за надворешни работи и еден од најистакнатите македонски политичари во поранешна Југославија, се преселила во Белград, каде што во 1971 година дипломирала физичка хемија на Природно-математичкиот факултет на белградскиот универзитет. Следната година запишала  докторски студии на Универзитетот „Рокфелер“ во Њујорк, каде што работела под менторство на Брус Мерифилд. Докторирала 1978 година. 

Нејзините истражувања се фокусирале на синтеза на пептиди во цврста фаза, што кулминирало со синтезата на панкреасниот хормон глукагон.

Во 1983 година се преселила во Бостон и почнала работа во Одделението за ендокринологија при Општата болница во Масачусетс. Во соработка со Џоел Хабенер и Гордон Вир учествувала во истражувањата што довеле до идентификација на глукагон-сличниот пептид 1 (GLP-1), хормон што го стимулира создавањето инсулин и има значајна улога во метаболизмот на гликозата. Во 1990 година Мојсов се вратила на Рокфелеровиот универзитет, каде што е избрана за доцент, а од 2002 година вонреден професор за истражување.

За нејзиниот извонреден и фундаментален придонес во светската наука и афирмацијата на државата во меѓународните интелектуални кругови, на свечена церемонија во саботата претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ја одликува истражувачката Мојсов со орден „8 Септември“.