Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

МВР: „Безбеден град“ овозможува проверка и електронско плаќање сообраќајни прекршоци за возила со странски регистарски ознаки

Министерството за внатрешни работи ги потсетува сопствениците и возачите на возила со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи ги потсетува сопствениците и возачите на возила со странски регистарски ознаки дека преку системот „Безбеден град“ се регистрираат сообраќајни прекршоци сторени со овие возила.

Во денешното соопштение на МВР се истакнува дека за полесно и побрзо информирање и регулирање на евентуално евидентираните прекршоци во функција е веб-апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“.

– Преку апликацијата сопствениците и возачите може да се регистрираат, да проверат дали со нивното возило е евидентиран сообраќаен прекршок, да добијат увид во издадените прекршочни платни налози и да извршат електронско плаќање. Користењето на апликацијата не е задолжително. Таа претставува олеснителна можност преку која прекршоците може да се проверат и регулираат однапред, со што се олеснува и забрзува постапката при излез од државата. За оние што не ја користат апликацијата, информација за евентуално евидентиран сообраќаен прекршок може да се добие и при излез од државата, на граничниот премин Табановце. На овој граничен премин плаќањето може да се изврши со платежна картичка, а плаќање во готовина не е предвидено – се додава во соопштението на МВР.

Реклама

Министерството за внатрешни работи нагласува дека презема активности за проширување на можноста за информирање и подмирување на обврските поврзани со евидентираните сообраќајни прекршоци и на други гранични премини.