Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Економија

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Владата ја продолжи мерката за намален данок за горивата. Намалената даночна стапка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ја продолжи мерката за намален данок за горивата. Намалената даночна стапка, од 18 на 10% ддв за дизелот која стартуваше од 15 септември, ќе продолжи да важи и во наредните две недели. Од Владата велат дека во услови на раст на цените на нафтата на светските пазари, се преземаат мерки со цел да се ублажи ударот врз стопанството и новите цени да не предизвикаат сериозен удар по џебот на граѓаните.

„Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија. Со продолжувањето на оваа мерка директно влијаеме врз малопродажните цени на горивата и го ограничуваме пренесувањето на надворешните ценовни притисоци врз цените на останатите производи и услуги“, објави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.

Ваквата мерка е добредојдена во услови кога се очекуваат новите цени кои треба да ги објави регулаторна. Најголемиот притисок повторно е кај дизелот, поради нарушеното снабдување од Блискиот Исток и Русија. Во моментов литар ЕУРОДИЗЕЛ се продава по цена од 104,5 денари.  ЕУРОСУПЕР 95 е 99, а бензинот од 98 октани 101 денар.

Реклама

Од Владата велат дека преземените мерки ги даваат посакуваните ефекти и дека само кај дизелот граѓаните дневно заштедуваат и до 250 илјади евра. Поради најевтините горива кои Македонија ги има во однос на земјите во регионот и понатаму е забележан зголемен промет на бензинските станици во близина на јужните, западните и северните гранични премини на државата. Во земјава дневно се трошат до два милиони литри горива, од кои околу 1,5 милиони литри се троши на дизелот. Дополнително, според владините пресметки, намалената акциза за четири денари кај дизелот и за два денари кај бензините, заедно со пониското ДДВ, досега овозможиле вкупна заштеда од околу 4,5 милиони евра.