Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Европските образовни можности на Еразмус + програмата претставени во Вевчани

Европските вредности, можностите што ги нуди програмата Еразмус+ и размена на добри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европските вредности, можностите што ги нуди програмата Еразмус+ и размена на добри образовни практики, со што се отвораат нови перспективи денеска беа презентирани пред учениците и наставниците во основното училиште „Страшо Пинџур“ и градинката „Планински цвет“ во Вевчани.

На промоцијата присуствуваа евроамбасадорот Михалис Рокас, директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов и градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.

Истакнувајќи ја важноста на програмата Еразмус+ во поврзувањето на младите и создавањето нови европски искуства, евроамбасадорот Рокас изрази задоволство што може да допрат до секој дел во земјава и да бидат презентирани можностите што ги нуди.

Реклама

–  „Еразмус+“ е една од најважните програми на ниво на Европа, финансирана од Европската Унија, чија цел е поврзување на младите, но и наставниците и професорите, нудејќи можности за учење, размена на искуства и стекнување знаења особено во свет кој постојано се менува. Среќни сме што можеме да стигнеме во сите делови на земјата и да им ги претставиме на локалните млади, наставници и професори можностите што ги нуди оваа програма, изјави Рокас.

Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов ја нагласи важноста од правењето на првиот чекор кон нови можности посочувајќи дека училиштето и градинката во Вевчани досега немале можност да учествуваат во Еразмус + програмата.

– Еразмус+ е бренд во Европа, затоа сакаме да ги посетиме сите општини, да го доближиме до секој млад човек кој сака и може да учествува во програмата. Во оваа финансиска рамка, издвоени се повеќе од 40 милиони евра за Македонија во програмата „Еразмус+“. Најголем колач оди во високото образование, но не се исклучени училишното образование, младите, младинските организации, истакна Михајлов.

Градоначалникот Кочовски изрази надеж дека Вевчани, местото каде што се гајат културата и традицијата со векови, ќе ја искористи можноста да се вклучи во Еразмус+.

– Ние сме толку горди и има што да понудиме како Вевчани. Европа ќе види нешто што не е секојдневно, што се случува во Вевчани, како традиција. Вевчани е место каде што ја живееме сегашноста, го паметиме минатото и работиме за подобра иднина. Се надевам дека ќе се вклучат и наставниците и учениците и дека успешно ќе ја завршиме оваа програма, изјави Кочовски.

Настанот беше збогатен со културно-уметничка програма во која настапи училишниот и културно-уметничкото друштво „Дримкол“, кои го претставија богатото културно наследство на Вевчани.