Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Tоп

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Шестмина уапсени се во денешената акција за тероризам на Министерството за внатрешни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шестмина уапсени се во денешената акција за тероризам на Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, дознава Алфа. Кај нив било пронајдена поголема количина оружје – пушки и пиштоли, но дополнително неофицијално при претресите на територија на Скопје откриено било и нелегално поседување крипто валути.

Членовите на групата се поврзуваат и со Исламската држава односно кај нив биле пронајдени предмети кои упатуваа за врска со ИСИС.

Акцијата што ја спроведува полицијата и обвинителството, била по претходни оперативни сознанија од Агенцијата за национална безбедност.

Реклама

Се очекуваат официјални информации од органите на прогонот. ОЈО за ГОКК потврди за акцијата:

-Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК на територија на Скопје во тек е акција на МВР и АНБ на повеќе локации. Приведени се повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот. По завршување на акцијата, јавноста ќе биде информирана – информираат од ОЈО ГОКК. 

Одзмени биле и мобилни телефони и лаптопи, кои најверојатно ќе бидат предмет на проверки од органите на прогонот. Токму истрагата во тој дел треба да дадат одговори со кого комуницирале уапсените, но и дали има и други инволвирани.

Од почетокот на годината полицијата има спроведено најмалку три акции од областа на тероризмот и злосторничко здружување. Една група се поврзуваше со пропаганда на исламската држава, а во Мала Речеца пак „Тигрите“ уапсија едно лице поради сериозна онлајн закана за масовно убиство а одземена му беше голема количина оружје.