Реклама

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Прилози

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Промена во начинот на привлекување странски инвестиции, поттикнување на бизнисот да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промена во начинот на привлекување странски инвестиции, поттикнување на бизнисот да ги достигне европските стандарди за македонските фирми да бидат добавувачи на странските во земјава, следење на регионалните инвестиции, преквалификување на кадри, преговори со Брисел за надминување на бариерите за транспорт на стоки. Стопанската комора со повеќе предлози за поголема соработка на земјите од Западен Балкан ќе учествува на низа настани неделава во Црна Гора, меѓу кои и состанокот на министрите за економија, Коморскиот инвестициски форум, работните средби со Европската Комисија.

„Во фокусот се барања што деловната заедница упорно ги застапува: отстранување на административните пречки во трговијата, надминување на застоите при протокот на стоките преку проширување на зелените коридори, целосна меѓусебна хармонизација и признавање на трговската и фитосанитарната документација, како и етапо и забрзано приближување на нашите компании до единствениот европски пазар преку инструментите на планот за раст. Исто така, уште еднаш укажуваме на потребата од олеснување на новите прекугранични процедури со цел тие да не прераснат во дополнителен финансиски и оперативен товар“ – вели Даниел Матракоски – Стопанска комора на Македонија.

Значаен напредок во однос на проблемот со престојот на превозниците во Шенген зоната има при билатералното договарање. Македонската влада веќе склучи договори со Хрватска и Словенија, кадешто возачите веќе добиваат долгорочни визи. Активно за ова се преговара и со Австрија. Стопанската комора сепак се залага транспортерите да не добиваат третман како туристи, туку да бидат иземени од Шенген правилата.

Реклама

„Ова не е миграциско прашање, туку е прашање на опстанок на европските синџири на снабдување. Вкупно 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Не е логично возачите што ја сервисираат европската индустрија да се третираат со истите 90-дневни шенгенски ограничувања како туристите“ – вели Даниел Матракоски – Стопанска комора на Македонија.

Предлозите на комората доаѓаат бидејќи и покрај напредокот, инвестициите меѓу самите земји од западен Балкан се помалку од 5% од вкупните вложувања. Тоа, додаваат од комората е голем неискористен потенцијал, особено што компаниите од индустрискиот сектор имаат дефицит од дури 190 илјади работници и покрај големиот процент на неактивно население.