Реклама

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Македонија

Петрушевски: Контрашот Филипче доживува дебакл, ставот да се биде против може да даде само еден резултат – тонење и исчезнување на СДСМ

Венко Филипче и СДСМ чија политика се темели на тоа да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче и СДСМ чија политика се темели на тоа да се биде контра на ставовите на власта колку да кажат дека имаат различен став, деновиве доживува дополнителен дебакл, истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. 

Наместо консолидација во редовите на опозицијата што е здрава поставеност на политичката сцена, јавноста од викендов сведочи на дополнителни поделби. Јавноста сведочи на распад во живо. 

Наместо заеднички опозициски фронт, се множат фракции, суети и меѓусебни пресметки проткаени со низа на навреди. 

Реклама

Во и онака слабиот СДСМ кој е пред распаѓање, јасна политичка алтернатива се помалку е на повидок, а контрашот Филипче треба да разбере дека ставот да се биде само против е погубен.   

Почитувани, 

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, сега од позиција на власт, секако дека ги анализира сите политички појави и движења.  

Нашиот став е многу јасен, прво, ВМРО-ДПМНЕ смета дека тоа е нивна внатрешна работа и не ни помислува да се меша и второ, ако се прашува некој дали ни одговара или не, секако дека ни одговара, но тоа не е здраво за демократските процеси во државата. 

ВМРО-ДПМНЕ јасно порачува, народот не треба да се потценува, секој еден граѓанин знае зошто се определил за нас, а дал црвено светло за СДСМ. Филипче ако сака да ја консолидира СДСМ треба да знае дека ставот да се биде исклучиво против може да даде само еден резултат, а тоа е тонење и исчезнување на СДСМ. Затоа за добро на граѓаните и државата потребна е побрза консолидација.