Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Министерството за јавна администрација го промовираше Практичниот водич за комуникација и обезбедување услуги за лицата со оштетен слух

Министерството за јавна администрација соопшти дека денеска е промовиран Практичниот водич за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за јавна администрација соопшти дека денеска е промовиран Практичниот водич за комуникација и обезбедување услуги за лицата со оштетен слух.

– Јавната администрација е тука за сите граѓани. А, тоа значи дека секој граѓанин – без разлика на своите потреби и предизвици, треба да може да добие информација, услуга и помош на начин што му е разбирлив и достапен – изјавил министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

Како што се појаснува во соопштението, тој е направен на иницијатива од страна на Министерството за јавна администрација, со цел да се придонесе кон подобра комуникација меѓу институциите и лицата со оштетен слух и кон полесен и поеднаков пристап до јавните услуги. Бил изработен од Даниела Дичовска, лиценциран толкувач на знаковен јазик, со практични насоки за административните службеници во нивната секојдневна работа.

Реклама

– Кога зборуваме за реформа на јавната администрација, не зборуваме само за закони, процедури и институции. Зборуваме за луѓето. За тоа дали еден граѓанин ќе може да добие навремена информација и дали ќе може рамноправно да ја оствари својата услуга. Нашата задача е да ги отстрануваме бариерите, а не граѓаните да се приспособуваат на бариерите на системот – порачал министерот Минчев.

На промоцијата присуствувале и Снежана Трпевска – национална координаторка за лица со попреченост при Владата, Сузана Стојановска – претседателка на Дневниот центар „Доза среќа“ и Благица Димитровска – претседателка на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество – „Инклузива“.

– Ова е уште еден чекор кон администрација што не гледа само на тоа дали постои услуга, туку и дали таа услуга навистина може да ја користи секој граѓанин. Бидејќи квалитетна јавна администрација е онаа која не остава никого зад себе. И токму затоа, пристапноста не треба да биде исклучок или посебна мерка. Таа треба да биде дел од начинот на кој институциите работат секој ден, со разбирање, почит и еднаква грижа за секој граѓанин – се додава во соопштението на Министерството за јавна администрација.