Реклама

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Прилози

Шест проценти од населението е засегнато од повеќедимензионална сиромаштија

Сиромаштијата не е само празен паричник, таа значи и тешко достапно образование…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сиромаштијата не е само празен паричник, таа значи и тешко достапно образование и здравство, невработеност и недостиг на основни услови за домување. Шест проценти од населението во Македонија, односно околу 35.000 домаќинства, се засегнати од ваков тип на сиромаштија покажуваат наодите од научно-истражувачкиот проект „Детерминанти на повеќедимензионалната сиромаштија“. Анализата покажува дека најчесто бараниот излез на граѓаните е можноста за вработување и стабилен приход, но поддршката не треба да се сведува само на социјална помош од централната власт – потребни се мерки и на локално ниво, самоуправните установи и општините:

„Тие самите не сакаат да зависат од парична помош, што патем не се иднексира со порастот на трошоците, односно не е основицата порасната толку колку што е минималната плата. Она што тие го бараат е да имаат пристап до вработување и тука она што е потребно не е само централната власт, тие ги повикуваат општините, локалната власт, од нив на заеднички начин да се најдат можности да овие луѓе бидат повеќе вработени“, изјави проф. Д-р Маја Геровска Митев, професор на Филозофски факултет при институтот за социјална работа и политика.

Истражувањето опфаќа 80 општини, а сиромаштијата е мерена преку 12 социо-економски индикатори. Дел од нив се однесуваат на тоа колку граѓаните се оддалечени од училиштата, здравествените установи, рекереативните и зелени површини. Најпогоден е Југоисточниот регион, додека пак скопскиот регион има најниска стапка од 2,3 проценти. Највисок удел е регистриран во Чашка, каде што се зафатени 71% од домаќинствата, а високи стапки има и во Старо Нагоричане, Конче, Могила и Новаци.  

Реклама

„Луѓето се наоѓаат и се доведуваат до ситуација да бидат корисници на системот за социјална заштита, од сосема поинакви причини одколку само недостаток на приходи. Тоа е немање на соодветна здравствена заштита, немање на соодветно образование, немање на пристап во местото каде што живеат до можности за вработување“, вели Геровска Митев.

Податоците од истражувањето се достапни и преку АТЛАС – платформа, која овозможува сиромаштијата да се следи по општини и региони, со цел да се добие појасна слика за тоа каде и каква помош е најпотребна.