Реклама

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Македонија

На Инфективната клиника почина пациент со западнонилска треска, седум се хоспитализирани, од кои двајца се со потешка клиничка слика

Уште еден пациент со западнонилска треска во текот на викендот почина на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште еден пациент со западнонилска треска во текот на викендот почина на Клиниката за инфективни болести. Се работи за 70-годишен пациент од општина Аеродром, кој имал повеќе заболувања. На Клиниката се хоспитализирани седум пациенти, од кои двајца се со потешка клиничка слика – изјави денеска директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана.

Тој посочи дека починатиот 57 дена бил на Одделот за интензивна нега на Клиниката, но и покрај сите преземени мерки и постапки, во текот на викендот починал.

– Има само еден нов потврден прием од 25 септември. Инаку, вкупно на Клиниката седум пациенти се хоспитализирани, од кои двајца се со потешка клиничка слика. Тие се нови пациенти на кои им се влошила клиничката слика и се префрлени на Оделот за интензивна нега. Еден од пациентите е од поновите хоспитализирани, кој од приемот е со потешка клиничка слика. Сите се возрасни и со дополнителни придружни заболувања. Последниот пациент е од Росоман, а другите се главно од Скопје – истакна д-р Цана.

Реклама

Во врска со тоа дали има висок процент на смртност во споредба со потврдените случаи на западнонилска треска во земјата, рече дека не би кажал оти имаме висок процент.

– Според нашите статистики, сè е во рамките на тоа што го има и во светот. Значи, и во Грција, и во Италија, и во другите земји, каде што е потврдена оваа инфекција. Секогаш треба да сме претпазливи, да се придржуваме на сите мерки што ги даваат Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. Инфекциите цело време се присутни во природата и цело време ние сме изложени и може да се инфицираме. Поради тоа, треба да се придржуваме до оние мерки што се препорачани од Министерството за здравство и од Центарот за јавно здравје – рече д-р Цана. 

Додаде дека досега вкупно 67 случаи со невроинвазивна форма на болеста се хоспитализирани на Клиниката, од кои 10 се починати, 50 се излекувани, а седум во моментот се во оваа јавна здравствена установа.