Реклама

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Македонија

ДКСК оформи предмет и постапува по наводи дека член на комисија за евалуација бил и учесник во програмата за Денот на независноста

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја проверува основаноста на наводите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја проверува основаноста на наводите за можен судир на интереси во случај каде што член на комисија за евалуација на програма истовремено бил и учесник во неа. Како што информира претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, постапката е во тек и се прибираат релевантни податоци и информации, по чие разгледување, Комисијата ќе се произнесе на јавна седница.

– Предметот е оформен и во тек е постапката. Се утврдува фактичката состојба, а по прибирањето на сите податоци и информации, ДКСК ќе се произнесе на јавна седница – рече претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ, одговарајќи на новинарско прашање на денешната седница.

На денешната седница Комисијата разгледа и повеќе други предмети од областа на судирот на интереси, имотната состојба на функционери и наводни неправилности во работењето на институциите.

Реклама

ДКСК разгледуваше пријава за лице именувано за директор на основно училиште, кое не поднело изјава за имотната состојба и интересите во законскиот рок поради што му бил издаден прекршочен налог, пришто информираа дека лицето во меѓувреме ја платило предвидената санкција и ја доставило потребната изјава.

Комисијата го запре и го архивира предметот за наводно незаконско ангажирање службено лице на работно место советник откако Државниот управен инспекторат утврдил дека лицето поседувало соодветна диплома и положен правосуден испит, односно не биле констатирани неправилности.

Отфрлен е и предмет во кој се наведувало сомневање за пристрасно постапување на судии и несоодветно пријавување на имотната состојба. Од ДКСК посочија дека оценката за евентуална пристрасност на судии не е во нивна надлежност, туку на Судскиот совет.

Во однос на пријава за наводна незаконска употреба на буџетски средства при градежни работи за санација и бојадисување на универзитетска клиника, Комисијата, повикувајќи се на извештаи од надлежните институции, констатирала дека постапката била спроведена согласно годишниот план и одредбите од Законот за јавни набавки.

ДКСК разгледуваше и предмет за можен судир на интереси против поранешен народен правобранител, во кој се тврдеше дека биле вработувани блиски лица и дека дел од вработените не биле присутни на работните места. По извршените проверки било утврдено дека посочените лица не потпаѓаат под законската дефиниција за блиски лица или, пак, нивните вработувања биле реализирани со одлуки потпишани од други надлежни службени лица. Дополнително, надлежните инспекторати не констатирале неправилности ниту во постапките за вработување, ниту во однос на присуството на вработените во подрачните канцеларии.

Седницата продолжува во 12 часот.