Реклама

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Македонија

Општина Кисела Вода започнува нова кампања за доближување на услугите до граѓаните и зајакнување на улогата на месните заедници

Под мотото „Вашата месна заедница – прва станица за секој проблем! Блиску…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Вашата месна заедница – прва станица за секој проблем! Блиску до вас, блиску до решенијата!“, Општина Кисела Вода започнува нова кампања со цел доближување на услугите до граѓаните и зајакнување на улогата на месните заедници.

Целта на новата иницијатива, како што информираат од Општина Кисела Вода, е дополнително да се поттикнат граѓаните масовно да го користат овој механизам, кој им овозможува административната поддршка да ја добијат буквално во своето место на живеење.

Во таа насока, телефонските броеви на претседателите и секретарите на сите 15 месни заедници се јавно достапни на општинската веб-страница, како и преку информативни летоци. Со ова се очекува значително да се зголеми граѓанското учество во креирањето на локалните политики и побрзо решавање на сите прашања кои се од непосредно значење за жителите.

Реклама

-Општина Кисела Вода отсекогаш била и останува со отворени врати за секој еден жител, но со оваа кампања сакаме ние да дојдеме уште поблиску до вас. Месните заедници се наш важен локален ресурс, а сега сакаме силно да ја поттикнеме и зајакнеме нивната улога. Нашата цел е секој граѓанин да знае дека неговата месна заедница е првата и најбрза станица до посакуваното решение. Кога иницијативите почнуваат од луѓето кои најдобро го познаваат своето маало, успехот е загарантиран. Ве повикувам да ги користите контактите, да ги барате вашите претставници и заеднички да го унапредуваме животот во секоја населба и населено место – истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, се вели во соопштението од општината.