До крајот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви
периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Како што соопшти УХМР, утринските температури ќе бидат пониски во распо од 2 до 14 степени, а дневните во границите на просекот за овој период од годината до 25 степени.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

