Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Прилози

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Бензините поевтинуваат за денар и пол поради зголемените мерки на Владата, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бензините поевтинуваат за денар и пол поради зголемените мерки на Владата, а цената на дизелот оди нагоре. Новата цена на 95-ката е 99 денари, а 98-цата денари 101 денар по литар. Владата се откажа од 4, наместо од досегашните два денари по литар кај бензините и поради оваа одлука, тие поевтинуваат.

Регулаторна одлучи од полноќ дизелот да се продава за 104,5 денари по литар. Тоа е поскапување од 5,5 денари  по литар во однос на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика минатиот понеделник.

Ваквите цени стапуваат на сила бидејќи иако цената на суровата нафта на светските берзи падна на речиси 100 долари за барел, рафинираните горива како дизелот се уште држат високи цени. Причина за тоа се воените конфликти кои предизвикаа недоволна работа на рафинериите и превисоки рафинериски маржи, кои ќе го достигнат својот пик во октомври.

Реклама

Владата будно ја следи состојбата со цените на горивата. Министерката за енергетика Сања Божиновска вели дека ова прашање повторно ќе се разгледува на редовна владина седница. Министерката потенцира дека Македонија има најниски цени на нафтените деривати поради мерките како намаленото ДДВ од 18 на 10% и пониските акцизи. Таа вели дека ако ескалира ситуацијата со цената на горивата, Владата ќе ги преземе сите мерки за да го ублажи ризикот.

„Минатата недела имавме онлајн вонредна седница на Влада и откако почна сè, уште од март, направивме и акциза и намалување на ДДВ и со ОКТА договоривме попуст. Го намаливме ДДВ-то на 10 проценти. Дискутираме, гледаме и ќе се консултираме на ниво на Влада. Влада имаме во вторник, ќе видиме како понатаму. Ние секако сме за заштита на стандардот на граѓаните, меѓутоа ќе мора да разгледаме кои се и фискалните импликации врз буџетот. Ќе знаеме наскоро“ –  истакна Божиновска.

Македонија и покрај глобалните проблеми во снабдувањето со нафта, има најевтин дизел на Балканот. Дизелот од 1,69 евра по литар е за 10 евроценти поевтин од оној во Босна и Херцеговина, за 17 евроценти поевтин од Хрватска, за 26 до 30 евроценти од Бугарија и Црна Гора. Во Србија дизелот чини речиси две евра, а во Грција и Албанија се продава за 2,1, односно 2,37 евра за литар.

Од друга страна, бензинот од 95 октани во Македонија чини 1,6 евра и е на слично ниво со цените во Босна и Херцеговина и Бугарија. Поскапа 95-ка се точи во Хрватска, Србија и Црна Гора, додека драстично повисоки цени има во Грција од 2,16, односно Албанија од 2,22 евра за литар.

Токму граѓаните на Албанија и Грција, заедно со Србите точат горива на бензинските станици во близина на границата и ја зголемуваат потрошувачката на нафтени деривати во Македонија. Таа достигна до два милиони литри горива дневно, од кои 1,5 милиони литри се дизел.