Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

По 28-дневна битка со Западно нилска треска, 66 годишен маж од Куманово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По 28-дневна битка со Западно нилска треска, 66 годишен маж од Куманово почина на Инфективната клиника. Пацинетот имал претходни коморбидитети и се наоѓал во исклучително тешка здравствена состојба за време на лекувањето. Директорот на Клиниката д-р Фадил Цана информира дека во моментов 11 пациенти се хоспирализирани, од кои еден човек е со потешка клиничка слика.

“Пациентот беше еден од двајцата потешко болни,со потешка клиничка слика и беше на механичка вентилација во респираторниот центар.И покрај сите преземени мерки од страна на медицинскиот персонал настапи летален исход.Пациентот беше со доста други заболувања и тоа е еден од ризик факторите” – изјави д-р Фадил Цана, директор на Клиника за инфективни болести.

Епидемијата од западен нил се уште е активна и рано е за опуштање велат лекарите, имајќи ги во предвид и високите температури во септември.

“Последниот прием на Инфективна е од 19 ти септември.Оваа година западно нилска треска е потврдена кај 66 лица а 9 пациенти кои беа хоспитализирани на Инфективна со тешка невроинвазивна форма починаа” изјави Цана.

Реклама

Од регистрираните случаи, околу 80 проценти се мажи а најголем број се на возраст над 60 години. Освен во Скопје, според извештајот на Институтот за јавно здравје, случаи на западно нилска треска во последните 4 недели е потврден и во Велес, Куманово, Свети Николе и Кавадарци.

Западно нилската треска предизвикува тешка форма само кај еден процент од заразентие додека останатите поминуваат или без симптоми или со лесна клиничка слика.