Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Прилози

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Македонија официјално го заштитува својот национален бренд, македонскиот рубин конечно ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија официјално го заштитува својот национален бренд, македонскиот рубин конечно ќе биде регулиран со јасно одредени правила. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведува јасни правила, проверен квалитет и доверба околу производството на скапоцениот камен. Со новите правила се воведува систем на верификација а тие што ќе се занимаваат со продажба на каменот ќе добијат електронски сертификати за проверено потекло. Главната цел на оваа иницијатива е да се спречи злоупотребата на името „македонски рубин“ како и неговото лажно претставување а институционалната поддршка е важна и за странските купувачи. Со оваа регулација се очекува и цената на рубинот да се покачи.

„Нашата генерација цел живот во нашето детство, скапоцените камења ги перцепираше како некои скапи предмети, недостижни за нас, од некаде од далеку од некои егзотични земји, Индија, Махараџи, Шехерезада, 1001 ноќ. Тоа било тема на  нашите визии од приказните“, изјави Дејан Шкартов, член на комисијата за заштита на македонскиот рубин

Оваа институционална заштита на македонскиот рубин значи и голема поддршка за занаетчиството како и меѓународен потенцијал. Називот „македонски рубин“ ќе смее исклучиво да се користи за производи кои ги исполнуваат сите поставени критериуми, односно потврдени потекло, соодветна документација како и спореведена стручна контрола. За веќе постоечките концесионери на рубинот како и за тие што во иднина би сакале да се занимаваат со продажба ќе биде припремен закон за експлоатација, а владата активно работи на овој проблем.

Реклама

„До крајот на годината ќе биде комплетно решено законското решение и во овој дел што се однесува до експлоатацијата на корундот т.е. рубинот. Ќе имаат можност и постоечките концесионери но ќе имаат можност и други заинтересирани правни и физички лица да собираат односно да експлоатираат рубин“, изјави Филип Петровски, државен советник во Министерство за енергетика

Веќе во 2025 година министерството заедно со геолошкиот завод ја започна постапката за институционална и правна заштита на македонскиот рубин како географска ознака. Во рамки на тој процес се изработи и елаборат со кој се утврдува потеклото, специфичните карактеристики како и другите релевантни својства на каменот, а со најновиот чекор се влегува во фаза на практично спроведување на оваа заштита.