Реклама

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилози

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Во Собранието се бара механизам како да се победи проблемот наречен ДУИ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието се бара механизам како да се победи проблемот наречен ДУИ, односно да се обезбеди бадентерово мнозинство. На следната седница на дневен ред се десетина закони за кои власта очекува интегративците да покажат разум, бидејќи нивната поддршка е неопходна, но дали ќе биде така останува отворено прашање. Треба да се гласа за законите за развој на образованието, просветна инспекција, педагошка служба, културно наследство, инспекторот за употреба на јазиците, државни награди.  Собранискиот спикер Африм Гаши се надева дека со дијалог на крај сепак ќе се најде решение.

-Јас лично и заедно со сите пратеници разговараме, бараме начин како да ги надминеме овие разлики и се надевам дека во иднина, во брза иднина ќе најдеме решение и ќе се договориме и ако треба закон по закон, или концептуално да најдеме решение. Како и да е битно е Собранието да профункционира во овој дел каде што е заглавено и да биде ефективно и за самата работа на институцијата и за граѓаните, изјави Гаши.

Во Собранието блокирано е и носењето на изборниот зкаоник, кој бил и тема на разговори на денешната координација меѓу координаторите на пратеничките групи. Се очекува наредниот период повторно сите да имаат внатрепартиски раговори, по што ќе се знае дали е можно одблокирање на овој предлог закон кој е дел од реформската агенда.

Реклама

-Знаете дека работата е закочена, во еден дел за гласање на дијаспората. Мислам дека сега партиите се обидуваат повторно да се надминат себеси или да најдат друго решение. Разговараат меѓу себе, тоа што го разбрав од координација е дека партиите ќе разговараат внатре во нивните партии, па потоа ќе се состанат во работната група да пробаат да најдат финално решение, изјави Гаши.

Законите за кои е потребно бадентерово мнозинство на дневен ред ќе бидат наредната недела, на собраниската седница закажана за 29-ти септември. Сите 12 предлог закони, се по скратена постапка.

Матеја Петровски