Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вели Македонија не е на продажба, а сите памтиме како на власт со Заев го продадоа името и идентитетот

Венко Филипче, сега опозиција зборува за непродажба на Македонија, а граѓаните паметат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче, сега опозиција зборува за непродажба на Македонија, а граѓаните паметат како со Зоран Заев на власт го продадоа името и го распродаваа идентитетот и националните интереси, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Филипче зборува дека државата не е на продажба, откако со Заев потпишаа бланко бел лист хартија со бугарски барања, токму тој се нуди и го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт.

Малку му се фирмите во Бугарија, па сега Филипче сака само да дојде на власт за да може да краде, да мести тендери, да зема проценти и провизии, односно да продолжи од таму каде што застана во владата на неговиот ментор Заев.

Реклама

Освен својот личен интерес и џеб, Венко Филипче друго не го интересира, ниту СДС, партијата што ја води, ниту државата, ниту граѓаните го интересираат. Затоа СДС ја сведе на маргинална опозиција и на праг од биолошкиот минимум и е против се што во државата значи инвестиции, развој и подобар живот на граѓаните.

Филипче сака само тој да има хациенди на Водно, стан во Дубаи, да добива Ауди Q8 од фирмите на кои им мести тендери, сака провизија од 20% од набавката и поставувањето на модуларни болници, сакаше да ќари на Ковид вакцини кои потоа на граѓаните ќе им ги продаваше по три пати повисока цена.

Ова е вистинскиот Венко Филипче кој се што може се продаде и распродаде, како што со Заев ги распродаваа националните интереси, само за да дојде на власт.

Да го спречи секој развој на државата и секоја инвестиција која ќе значи подобар животен стандард за граѓаните, за државата да стагнира само за тој да има тема за медиумско појавување.

Одамна е прочитан Филипче дека освен неговиот интерес, ништо друго не го интересира, затоа и граѓаните и партиските членови и симпатизери не му веруваат, на избори за него не гласаат.