СДСМ и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, a денес нивните кадри ги штитат нивните блиски и нивните интереси, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски.
Дозволете да потсетам на дел од нив, лица кои се блиски до структурите на СДСМ. Весна Дамева, која беше претседател на Судскиот совет, била член на партиската комисија на СДСМ.
Добрила Кацарска, судијката која изрече вкупно 211 години затвор за случајот 27 април, па како награда стана Уставен судија, а денес продолжува да работи во интерес на СДСМ, односно грчевито да се бори да го укине линеарното зголемување на пензиите од 7000 денари.
Наќе Георгиев, токму во периодот на власта на СДСМ, напредуваше до Врховниот суд, а потоа стана и член на Судскиот совет.
И секако, да не ја заборавиме, Вилма Русковска, обвинителката која го застапуваше обвинението за 27 април и стана еден од главните симболи на обвинителството во времето на СДСМ и на ДУИ.
Почитувани граѓани, ова се луѓето кои СДСМ и ДУИ со години ги поставуваа, унапредуваа и носеа на највисоките позиции во правосудството. Токму ова е доказот дека правосудните инсталации на СДСМ и на ДУИ, имаат име и презиме.
Македонија мора да стави крај на правосудство предводено од СДСМ и ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите.

