Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Прилози

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

Али Ахмети заедно со своите соборци од крајот на 20-от и стартот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Али Ахмети заедно со своите соборци од крајот на 20-от и стартот на овој век, по улиците на Приштина во поддршка за луѓе кои се обвинети за серија злосторства, меѓу кои убиства, тортура, прогон, незаконско затворање, присилно исчезнување и други нечовечки постапки. Истите тие веќе во среда може официјлно да станат осудени воени злосторноци. Команданти и војници од УЧК под паролата „Слобода и поддршка за ослободителите“ маршираа за обвинетите Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Ахмети на социјалните мрежи напиша дека потенцијалните воени злосторници, за него биле ослободители.

-Денес, Косово силно го крена својот глас, изразувајќи благодарност кон сите оние кои се жртвуваа за неговата слобода, достоинство и иднина. Денес, албанскиот народ ја даде својата јасна пресуда: Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими ги прогласува за НЕВИНИ! УЧК е дел од историјата на Косово и од заедничкото сеќавање на сите оние кои веруваа, се жртвуваа и се бореа за слободата. Од Приштина денес испративме јасна порака: правдата и слободата мора да одат заедно. Слава на сите херои на слободата!  Да живее Косово!Да живее УЧК!, напиша Ахмети.

Се отвора прашањето зошто повторно Ахмети се фаќа за популистички потези. Дали целта е собирање политички поени или пак можеби и страв дека тој во иднина би одговарал за воени злосторства. Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи за Алфа вели дека и двете опции се можни. Но, сепак според него нелогично е политичари од Македонија да протестираат, бидејќи пресуда за луѓе од друга држава, нема никаква врска со нашиот правен систем.

Реклама

-Ако евентуално тие бидат казнети во Хаг, односно ако има пресуда за поранешните организатори, односно челници на ОВК во Косово, а тоа во правен и во политички аспект не би требало да има врска со Република Македонија, бидејќи таа војна немала врска со нашата војна. И втората работа што Ахмети се обидува тие тензии да ги направи се со цел политички да профитира и на евентуални предвремени парламентарни избори тој да освои подобар резултат, изјави Фаризи.

Сепак Фаризи вели дека можеби кај лидерот на ДУИ постои и страв дека би можеле да се испитуваат и неговите дејствија во 2001-ва година.

-Се ќе зависи на 16-ти септември од пресудата што ќе ја донесе Хаг, ако евентуално би донеле тие да бидат казнети, таква пресуда тогаш претпоставувам дека може да има и правни реперкусии кон Ахмети во нашата држава, имајќи предвид дека самиот изјави дека има иницијатива за злосторство во 2001-ва во нашата држава. Така се тоа зависи од пресудата што ќе биде на 16-ти септември во Хаг, изјави Фаризи.

Во пресрет на пресудата заканувачки пораки доѓаат од други команданти на УЧК. Еден од нив е Насим Харадинај, кој е осуденикот од судот во Хаг, а на слобода беше пуштен пред три години. Вели ако Хашим Тачи и другите биле прогласени за виновни, ќе имало немири во целиот регион.

-Има некои поединци кои велат дека ќе се слави ако се донесе осудителна пресуда. Таква одлука може многу лошо да ескалира. Ќе гори Косово, ќе гори Македонија, ќе гори Албанија, изјави Насим Харадинај на 20-ти август годинава.

Инаку, Ахмети летово самиот кажа дека имал информации дека во Уставниот суд постои иницијатива за отворање на случаи во Хашкиот трибунал за покренување обвиненија против ОНА за воени злосторства. Вели не се плашел, но отворањето стари рани, било поболно од отворање на нови.

Матеја Петровски