Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Ристески: Два јавни повици на Министерството за економија и труд за македонските производни компании

До вторник, 15 септември е последниот рок за двата повици на Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До вторник, 15 септември е последниот рок за двата повици на Министерството за економија и труд на кои компаниите може да се пријават и да добијат субвенции за да ги подобрат квалитетот на работењето и конкуретноста на фирмите, посебно на производните капацитети.  Од едниот, компаниите може да добијат до 500 000 денари, а од другиот до 200 000 денари. Трошоците во 70 проценти ги покрива Министерството. 

-Едниот јавен повик се однесува на продлабочување на односот помеѓу производствените капацитети и универзитетите со што се овозможува подобрување на технологијата и технолошките процеси во фирмите за одредени иновативни  методи во воведувањето на циркуларната економија, дигитализацијата, паметната специјализација. Овој повик е во вредност од 5 милиони денари, конкурсот трае до понеделник, 15 септември. Може да учествуваат сите преработувачки капацитети заедно со универзитетите и вредноста која би ја добиле е до 500 000 денари, а 70 проценти од трошоците ги покрива министерството за економија и труд. Вториот јавен повик, исто така, се однесува на домашните компании со цел имплементирање и стандардизирање на општествените процеси и подобрување на конкурентноста на компаниите. И овој повик трае до понеделник, 15 септември. Вкупната вредност е  2 милиона денари. Компаниите најмногу може да добијат до 200 000 денари, аминистерството за економија и труд покрива 70 проценти од трошоците во тековната година, објаснува Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Преку овие два повици се овозможувааат многу иновативни методи во компаниите: подобрување на нивната конкурентност на домашниот и на странскиот пазар, поврзување со странски компании, а сето тоа резултира и на подобрување на економијата и на целокупнат економска состојба во Македонија. 

Реклама

-Интересот е голем, бидејќи секоја компанија сака да го унапредува своето производство, да го зголемува својот квалитет, да воведува европски стандарди во работењето, дигитализација, паметна специјализација. Тоа многу значи за развојот на компаниите, а тоа индиректно значи, не само подобрување на економската состојба, туку и нови капацитети, отворање на нови работни места, што е приоритет на Владата и на министерството за економија и труд, вели Ристески.

Според Ристески, преку вакви позитивни мерки денес имаме зголемување на индустриското производство, зголемување на инвестициите во домашните компании, нови инвестиции, нови капацитети во постојните компании, зголемување на странските инвестиции. 

-Сето тоа резултира со подобрување на БДП, на отворање нови работни места, а индиректно влијае на подобрување на животниот стандард, смета заеменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Владата има и ќе креира мерки за поддршка на процесот на циркуларна економија. Неодамна во прилепската индустриска зона беше отворен нов погон со 300 вработени на компанијата „Вик“ кој фунцкионира врз принципите на циркуларната економија и е меѓу првите во Пелагонискиот регион.