Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Прилози

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Македонија има одлични услови за производство на здрава и квалитетна храна, само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има одлични услови за производство на здрава и квалитетна храна, само е потребна поголема поддршка и едукација за зачувување на семејните фарми и традиционалните автентични вкусови, а чиј столб е руралната жена. Нејзината работа, знаењето и улогата во зачувувањето на традиционалното производство на локалната храна, почнувајќи од првиот контакт на човекот со храната преку мајчиното млеко како извор на животот, руралната жена е коренот што не се гледа, но без која нема плод. Ова беше фокусот на годинашното петто издание на манифестацијата „Слоу фуд Прилеп – Корени и трпеза – Руралната жена денес“, која по петти пат се организираше во Прилеп.

„Затоа денес со овој настан сакаме истата да ја подигнеме на пиедесталот. Целта е истата – економски понатаму да зајакнува, да го зајакнува својот бизнис, своето стопанство и да биде економски конкурентна на пазарот… Имаме повеќе производители, од повеќе места, со млеко, со сирење, со пчелни производи, со домашни изработки и производи“, изјави Филип Петкоски, лидер на Конвивиумот „Слоу фуд Прилеп“.

Денешниот саем и пазар на автентични производи, произведени директно од локалните производители, за учесниците е убава можност да го презентираат својот бизнис, но и да предупредат на предизвиците со кои се соочуваат.

Реклама

„Секоја работа има тежина. Тешко е – да, но кога има љубов, кога има трпение, кога се работи со љубов, сè станува неважно, а резултатот на крајот, верувајте, е нешто најдобро. Јас сум задоволна, се постигнува, треба да се работи тимски. Ако сме семејство, треба и да работиме сложно и успехот е тука“, вели Љупка Филипов од Неготино, производител на маџун.

„Состојбата е секогаш сериозна во сточарството, во млекопроизводството, ситниот добиток има и болест што постојано се шири во Македонија. Во голем ризик се козите и овците, додека кај кравите е намалена вкупната цена. Единствен спас е со свое производство да продадеш“, кажа Игор Поповски од фарма „Дихово“, Битола.

„Воглавно сме задоволни, има одѕив, затоа што македонскиот пазар знае да го препознае квалитетот на денешницава и сите сакаат домашни производи, верувајте“, посочи Цеца Видова-Трајческа, производител на „Љубовна ракија – Ѕвончар“, Прилеп-Кавадарци.

Инаку, во рамките на овој настан, кој се одржа на платото под Градскиот саат во Прилеп, организирани беа и панел-дискусии околу различните предизвици за женското учество во руралните средини, како и детско катче со едукативни и креативни работилници за храната и природата.