Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Фондацијата „Конрад Аденауер“ објави публикација „35 години независност: надворешна политика (Истражување на јавното мислење)“: НАТО најголем успех, ЕУ прв приоритет

Во пресрет на 35-годишнината од независноста, Фондацијата „Конрад Аденауер“ ја објавува публикацијата …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на 35-годишнината од независноста, Фондацијата „Конрад Аденауер“ ја објавува публикацијата  „35 години независност: надворешна политика (Истражување на јавното мислење)“, која дава актуелен пресек на начинот на кој граѓаните го оценуваат надворешно-политичкиот развој на државата во изминатите три и пол децении, нејзините најзначајни достигнувања, денешната меѓународна позиција, надворешните влијанија и приоритетите за иднината – соопшти Фондацијата Конрад Аденауер.

Меѓу покарактеристичните резултати, членството во НАТО се издвојува како најпрепознатливиот конкретен успех на македонската надворешна политика во изминатите 35 години, што го посочуваат 35,8 % од испитаниците. Резултатот е во согласност и со претходните истражувања од истата едиција, во кои беше регистрирана висока поддршка за членството на државата во Алијансата.

Истовремено, членството во Европската Унија останува убедливо најважниот надворешно-политички приоритет за иднината. Речиси половина од испитаниците, односно 49,7 %, сметаат дека членството во ЕУ треба да биде приоритет број еден на надворешната политика во следните 5 – 10 години. Економската дипломатија ја издвојуваат 20,9 %, а регионалната стабилност 13,9 % од испитаниците.

Реклама

Особено интересна слика дава етничката стратификација на резултатите. Членството во НАТО како најголем надворешно-политички успех го издвојуваат 31,7 % од испитаниците Македонци и 47,5 % од испитаниците  Албанци. Уште поизразена е разликата кај идните приоритети: членството во ЕУ како приоритет број еден го избираат 39,5 % од Македонците и 80,4 % од Албанците. Сепак, кај двете групи НАТО останува најчесто посочуваниот досегашен успех, а членството во ЕУ најчесто посочуваниот иден приоритет. Според тоа, разликата е пред сè во интензитетот на поддршката, а не во изборот на две спротивставени стратешки насоки.

Интересни разлики се забележуваат и во перцепцијата за надворешното влијание. На ниво на целиот примерок, Соединетите Американски Држави со 35,4 % и Европската Унија со 31,2 % убедливо се издвојуваат како највлијателни надворешни фактори во државата. Збирно, еден од овие два субјекти го посочуваат 66,6 % од испитаниците, додека ниту еден од останатите понудени меѓународни фактори поединечно не надминува 5 %.

Стратификацијата и овде открива различен распоред на приоритетите. Кај испитаниците Македонци на прво 
место се САД со 40,1 %, а потоа ЕУ со 21,8 %. Кај испитаниците Албанци редоследот е обратен: ЕУ со 60,8 %, а 
САД со 22,2 %. Кога, пак, САД и ЕУ се разгледуваат заедно, тие доминираат кај двете групи: со 61,9 % кај 
Македонците и 83 % кај Албанците.

Истражувањето покажува и значајна точка на совпаѓање помеѓу двете најголеми етнички заедници. 63,5 % од сите испитаници сметаат дека надворешната политика придонесува за економскиот развој и привлекувањето странски инвестиции, при што позитивен став имаат речиси идентични 63,7 % од Македонците и 64,6 % од  Албанците.

Кога денешната меѓународна позиција на државата се споредува со годините непосредно по осамостојувањето, 38 % од граѓаните сметаат дека таа е подобра, наспроти 31,9 % кои сметаат дека е послаба, додека 26,5 % оценуваат дека останала приближно иста.

Општата оценка на 35-годишното надворешнополитичко досие останува умерена, но покажува поволно поместување во споредба со 2022 година. На скала од 1 до 5, средната оценка во актуелното истражување изнесува 2,84, наспроти 2,52 во 2022 година. Најголемата група испитаници, 42,7 %, се определила за средната оценка 3, при што промената во однос на 2022 година пред сè произлегува од намалувањето на најнегативните оценки и нивното поместување кон средината.

Вкупно земено, резултатите покажуваат дека 35 години по стекнувањето на независноста граѓаните препознаваат конкретни остварени надворешнополитички цели, додека очекувањата за следниот период се насочени кон продолжување на европската интеграција, зајакнување на меѓународната позиција и поголемо искористување на економските можности што ги создава активната надворешна политика.

Публикацијата претставува продолжение на серијата истражувања на јавното мислење што Фондацијата „Конрад Аденауер“ ја развива од 2021 година. На тој начин, покрај актуелниот пресек на ставовите на граѓаните, таму каде што постои соодветна методолошка споредливост се овозможува и следење на промените и континуитетите во јавното мислење низ времето.

Автори на публикацијата се Александар Спасеновски и Владимир Божиновски, професори на Правниот  факултет „Јустинијан Први“, во Скопје.

Истражувањето на јавното мислење го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), во периодот од 20 до 25 август 2026 година, на примерок од 698 испитаници на возраст над 18 години. 

Податоците се собрани преку телефонска анкета со примена на CATI-методот и dual-frame моделот, односно со користење фиксни и мобилни телефонски линии. Максималната статистичка грешка за примерокот изнесува приближно ±3,7 процентни поени.

Целата публикација е достапна на следниот линк: https://www.kas.de/mk/web/nordmazedonien/einzeltitel/-/content/35-godini-nezavisnost-nadvoresna-politikа