Реклама

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Прилози

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Македонија и секој аспирант за членство во Европската Унија да биде оценуван…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија и секој аспирант за членство во Европската Унија да биде оценуван согласно постигнувањата и реформите, а не некоја од земјите членки да го злоупотребува членството и да е опседната со менување на нечив нацонален и културен идентитет. Ова е главната порака која денеска беше испратена во Собранието од дебатата на тема регионална соработка и интеграција во ЕУ.

-И секоја земја членка треба да биде и продуктивно критична, да имаме повеќе реформи на институциите, но тоа што сметаме дека не треба да е случај е земја членка на ЕУ да биде опседната со тоа како да направи „реформи“ на нечив национален или културен идентитет, изјави потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски.

А Македонија добро работи на реформскиот пат, што покажуваат и извештаите од Брисел. Европската комисија ги препознава Македонија, Албанија и Црна Гора како најдобри во имплементацијата на планот за раст, што носи пристап до повеќе пари од европските фондови.

Реклама

-Финансиите ќе бидат ослободени во моментот кога ќе се спроведат реформите. Во моментов Европската Унија ја договара повеќегодишната законска рамка, што во превод значи одговор на прашањето како ќе се распореди европскиот буџет, изјави истаражувачот од ЕПИ, Стефан Ристовски.

Во Собраните сите се согласија дека треба активно да продолжи соработката во напредокот кон ЕУ, за што е и потребна посилна и поблиска соработка меѓу Парламентите од сите земји аспиранти за членство од регионот.

Матеја Петровски