Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Николоси: Одржливиот транспорт и зелената транзиција ја прави Македонија лидер во регионот

Комбинацијата на одржлив транспорт и зелена транзиција е нешто што Македонија ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комбинацијата на одржлив транспорт и зелена транзиција е нешто што Македонија ја прави лидер во регионот, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во обраќање на настан за реализација на проектот за изградба на ветерниот парк на компанијата Алказар во Штип. 

Николоски оцени дека оваа инвестиција е доказ за визијата за енергетска стабилност но и оти Владата посветено и партнерски работи со инвеститорите. 

– Вчера прославивме триесет и пет години на независност на Македонија. Утрото го отворивме реконструираниот Охридски аеродром, вечерта сите се забавувавме на убавата електронска музика на Дејвид Гета, денеска почнуваме ветрен парк — мислам дека подобар доказ дека државата има модерна иднина, иднина којашто е во чекор со 21-виот век. Комбинацијата на одржлив транспорт, на зелена транзиција е нешто што Македонија ја прави лидер во регионот.
​Ќе продолжиме да го поддржуваме проектот, вложивме многу во изминатиот период под водство на премиерот Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, градоначалниците на Штип, на Карбинци, на Радовиш, тимовите на Министерството за транспорт, на Катастар, Министерството за земјоделие, Министерството за животна средина. Самото тоа што денес сме тука, а за три години и ќе го пуштиме овој ветрен парк е најдобар доказ за вашата работа – изјави заменик претседателот Николоски.