Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Демократски сојуз: Тежок пат до независност

Распадот на Југославија претставуваше историска можност за остварување на вековните стремежи на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Распадот на Југославија претставуваше историска можност за остварување на вековните стремежи на македонскиот народ – Македонија да прогласи самостојност и да се етаблира како независна и суверена држава – се вели во честитката по повод 8-ми Септември од Демократскиот сојуз, што МИА ја објавува интегрално.  

Процесот на осамостојување се одвиваше во исклучително сложени геополитички и балкански околности, оптоварени со историски наследства, идеи за големи држави, но и со силни притисоци и обиди Македонија да не успее да се конституира како самостојна држава.

Едни од соседите го оспоруваа името, други народот, трети Македонската православна црква, со заедничка цел – да се спречи преиспитувањето на последиците од Букурешкиот договор од 1913 година, по кој Македонија беше поделена.

Реклама

Стравувањата на соседите дека со создавањето независна македонска држава ќе започне процес на обединување на Македонија беа засновани на анахрони и нереални претпоставки, кои немаат допир со современата политичка реалност.

Македонското државно раководство, и покрај предупредувањата и укажувањата на Соединетите Американски Држави, во 1993 година прифати Македонија да биде примена во Обединетите нации под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Тој чин создаде, а дел од неговите последици и денес создаваат, сериозни политички и државни проблеми.

Од 1991 година, па сè до денес – на Денот на независноста – Македонија се соочува со бројни предизвици и блокади на својот европски пат и во стремежот за полноправно членство во Европската Унија.

Добро е што денес, без разлика на политичките и другите разлики, сите сме горди, обединети и го славиме Денот на независноста. Тој ден е симбол на вековната борба за слобода и државност и претставува продолжение на идеалите на илинденците, партизаните и сите современици кои придонеле за зачувување и афирмација на македонската самобитност, државност и достоинство.

Демократски сојуз им го честита Денот на независноста на сите граѓани на Македонија и упатува повик за единство.

Да се обединиме околу најважните државни и национални интереси и заеднички да ја градиме Македонија како модерна, демократска и европска држава – држава на сите нејзини граѓани.

Честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија!