Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

35 години – кризи, неизвесност, падови и тешки моменти но, Македонија опстана.Од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

35 години – кризи, неизвесност, падови и тешки моменти но, Македонија опстана.Од распадот на Југославија, преку политички и економски кризи, до тешките години што ги поминаа граѓаните – изминатите три и пол децении не беа лесни – порача претседателот на Собранието Африм Гаши на приемот во законадвниот дом по повод 8 Септември. Државата помина низ бројни предизвици, но ниту една криза не успеала да ја скрши. Напротив – според Гаши, сите овие тешки моменти ја направиле Македонија поотпорна и посилна.

“Додека славиме, не треба да заборавиме дека патот во изминатите 35 години не бил лесен. Имаше периоди на успех, но и периоди на кризи. Имаше моменти на стабилност, но и моменти на политички и економски потреси. Доживеавме уставни и институционални промени. Поминавме низ тежок економски транзициски процес и трансформација на општеството, додека многу наши граѓани ја напуштија земјата во потрага по подобар живот.Сепак, ние, кои останавме овде, верувавме дека вреди да се обидуваме за ефикасни и доверливи институции. Затоа, и оваа 35-годишнина треба да ја гледаме низ она што сме го изградиле, а не низ она што не ни успеало. Ова е оптимистичката визија за земјата и за сите наши граѓани” изјави Африм Гаши, претседател на Собрание.

Собранискиот спикер Гаши ја поврзува иднината на државата и со дијаспората – не само како извор на пари, туку како потенцијал за знаење, инвестиции и искуство.Тој повика на држава со силни институции, еднакви правила за сите и поголема доверба на граѓаните во системот.

Реклама

“Еден од столбовите на успешна држава, каква што посакуваме да биде и Македонија, е економскиот развој.Ние треба да создадеме услови младите да не го гледаат заминувањето од земјата како единствена можност за подобар живот. Тоа бара подобри работни места, бара квалитетно образование, бара инвестиции, бара модерна инфраструктура, бара технологија и иновации, бара поддршка за претприемништвото и бара администрација која го олеснува сето тоа.Затоа, треба да изградиме механизми кои ќе го олеснат враќањето на знаењето и инвестициите на иселеништвото во родното место” изјави Гаши.

Демографијата и иселувањето на младите беа меѓу главните пораки на претседателот Гаши.Тој порача дека не можеме да градиме силна држава ако секоја година губиме дел од младата генерација.Според него, решението не е само во тоа да се зборува за поголем наталитет. Младите мора да имаат причина да останат, а тоа значи работа, пристојни плати, квалитетно образование и здравство,сигурност,правда, подобра животна средина и можност за сопствен дом.