Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Свет

Трамп за денеска планира телефонски разговор со Путин, а потоа и со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се очекува да оствари телефонски разговори со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се очекува да оствари телефонски разговори со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, по враќањето на американските пратеници од нивната дипломатска мисија во Москва и Киев, пренесува весникот „Киев Индипендент“.

    Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер вчера се сретнаа со Зеленски во Киев, еден ден откако во Кремљ одржаа повеќе од тричасовни разговори со Путин. Двете страни ги опишаа средбите како „важни“ и „суштински“, но засега нема официјални индикации за значителен напредок во преговорите за завршување на конфликтот.

    По средбата во Киев, Зеленски изјави дека очекува „војната да продолжи“ во текот на целата зима, нагласувајќи дека Украина силно смета на најавениот американски пакет помош за зимскиот период, заштита на енергетскиот сектор и испорака на системи за противвоздушна одбрана „Патриот“.

    Реклама

    За време на преговорите се разговарало и за идни средби меѓу САД, Украина и европските партнери, како и за евентуален трилатерален формат меѓу Вашингтон, Киев и Москва, но засега не се прецизирани датум и место на нивното одржување.