Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Градежништвото е мотор на економијата, инфраструктурните проекти носат рекордни стапки на раст

Изградбата на автопатиштата, локалните патишта, реконструкцијата на пругите и инвестициите во останатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на автопатиштата, локалните патишта, реконструкцијата на пругите и инвестициите во останатите инфраструктурни објекти се главниот двигател на македонската економија во досегашниот период. Градежништвото како гранка влече поголем број сектори, со што придонесува за обезбедување на долгорочен раст на македонската економија. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека тие остануваат максимално посветени во овој сектор, бидејќи на таков начин се очекува и дополнителен мотив за придвижување на македонската економија кон остварување на нови рекордни, според него, стапки на раст.

„Се работи за исклучително висок раст и раст којшто не е феномен само за вториот квартал, второто тромесечје на оваа година, туку е континуитет уште од минатата година. Ние во 2024 година ги поставивме темелите, базата, ги поставивме проектите и веќе од 2025 гледаме силен раст во делот на градежништвото. Секој квартал е далеку, далеку над она што било просек претходно. Ова е историски највисок квартал, највисоко тромесечје. Вкупно завршени работи се околу 242 милиони евра за само три месеци. Споредено со истиот период минатата година, растот е околу 22%, а и минатата година имаше раст.“, изјави Николоски.

Покрај градбата на инфраструктурата, забележано во периодот кој измина беа и активностите во високоградбата, со што градежниот сектор во целост е ангажиран. Во моментов се гради автопатот кон Блаце, се градат автопатиштата од коридорите 8 и 10д, со што Македонија целосно се поврзува со автопати со сите соседи. Со изградбата на брзата железница, Македонија станува центар на патниот транспорт во Европа.