Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Во Делчево отворен вториот меморијален ракометен турнир „Андреа Ампова“

Со емотивна почит и сеќавање на младата ракометарка Андреа Ампова, во Делчево…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со емотивна почит и сеќавање на младата ракометарка Андреа Ампова, во Делчево денеска беше отворен вториот меѓународен меморијален ракометен турнир што го носи нејзиното име.

Турнирот, кој се одржува на 5 и 6 септември, ги обедини младите ракометарки преку спортот, дружењето и заедничкото сеќавање на Андреа, чија голема љубов бил ракометот. На турнирот учествуваат екипи од Македонија, Србија и Бугарија.

На свеченото отворање беше упатена порака дека турнирот не е само натпреварување, туку начин преку спортот да се зачува споменот за Андреа и вредностите што ги носат пријателството, дружењето и спортскиот дух.

Реклама

– Секој гол, секоја одбрана и секоја насмевка посветете ѝ ја на Андреа. Замислете ја на теренот меѓу вас или како најгласниот навивач на публиката, беше порачано на отворањето.

Во чест на Андреа беше одржано и едноминутно молчење, по што следуваше интонирањето на химната на Република Северна Македонија.

На второто издание на турнирот настапуваат домаќинот РК „Делчево“, како и екипите „Илинден Вардар“, „Астибо“ и „Спартак“ од Македонија, „Пирин“ од Бугарија и „Топличанин“ од Србија.

Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, на свеченото отворање истакна дека ваквите настани се пример како младите го чуваат споменот на своите другари и преку спортот градат пријателства и заедништво.

– Денешниот настан треба да стане традиција. Како локална самоуправа ќе помагаме колку што можеме ваквите настани да продолжат да сведочат за младоста, спортот и љубовта кон другарството, порача Гоцевски.

Тој упати порака и до семејството на Андреа, нагласувајќи дека додека младите од Македонија и од Балканот играат во нејзина чест, споменот за неа ќе продолжи да живее.

Меморијалниот турнир е посветен на негување на споменот за Андреа Ампова, промовирање на спортот кај младите и јакнење на спортската култура и заедништвото во Делчево. Истата цел беше истакната и при организацијата на првото издание во 2025 година.

– Нека ракометот биде јазикот што ќе нè обедини. Нека победува ферплејот, пријателството и спортскиот дух, а секој гол, секој аплауз и секој момент нека биде за Андреа, беше порачано на свеченото отворање.

Дводневниот турнир во Делчево ќе донесе натпревари, дружење и нови спортски спомени, но пред сè ќе биде уште еден начин името и споменот на Андреа Ампова да останат живи преку ракометот.